Разговор:Панко Брашнаров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Идентичност на Брашнаров[уреди извор]

Според акад. Иван Катарджиев луѓе како Димитар Влахов. Павел Шатев, Панко Брашнаров, Ризо Ризов и сите од левицата на ВМРО се декларирале како Бугари. Практично, ни левицата ни десницата не ја доведувале во прашање својата бугарска провениенција. Тоа ќе го доведе Влахов во 1948 година на седница на Политбирото, кога говорел за постоењето на македонска нација, да рече дека во 1931-32 година (кога ВМРО (об.) издига за прв пат тезата за посебна македонска нација) е направена грешка. Сите тие ветерани останале според акад. Катарджиев само на нивото на политички, а не и на национален сепаратизам и се чувствувале како Бугари, а ВМРО (Об.) не мрднала од обичниот политички македонски сепаратизам дури во СФРJ. Примерно, Шатев и Брашнаров заземаат во своето писмо од 1948 година патриотска македонска позиција и во него има јасна антисрпска и бугарофилска нишка. Како прво, авторите наведуваат дека ЦК на ЈКП до Резолуцијата на Коминформбирото, под превезот на комунизмот, го прикривал својот српски национализам и така на одделни командни позиции и во партијата врбувал свои слепи послушни орудија. Се налага да се одрекува секаква борба ако не е поврзана со борбите на Србија. Таа надменост оди до таму што историјата и револуционерните борби на македонскиот народ одвај ли не почнуваат од 2.Х.1941, пишуваат авторите. Тие тврдат дека јазикот во книгите и весниците, намерно, смислено, се искривува за да не може да се разбира и народот да биде принуден да само српски весници. Со иста тенденција, не се составуваат учебници на македонски јазик, за да се принудат учениците да се служат со српски учебници. Брашнаров и Шатев натаму укажуваат дека никаде на јавни места не може да се чуе убавата македонска песна, а насекаде се пеат само српски песни! Ако некој пее македонска песна, тој е „националист“, „сепаратист“, а ако се чуе бугарска песна, сите се сметаат за вмровци. Тиja тврдат каде на jугокомунистите им е потребно да прават „прослава“ за Илинден во Крушево, како трибуна за да се исмева се што е бугарско, макар да е и историски факт, дека илинденците се чувствувале и дејствувале секогаш и насекаде како луѓе со бугарско сознание. Jingiby (разговор) 13:34, 15 јули 2014 (CEST)