Разговор:Осама бин Ладен

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Осама бин Ладен е прогласен за терорист од страна на администрацијата на САД и дел од западните земји. Од причини на НГТ мислам дека не би требало оваа личност да се смести во категорија Терористи, по мое мислење би требало да се смести евентуално во категорија Терористи според администрацијата на САД.

И јас сум за тоа. Премногу не е неутрален терминот терорист во последно време и мислам дека решението што се предлага е од таа гледна точка сосема на место за да се обезбеди неутралност (Zdravko 09:52, 16 јули 2007 (UTC))

Веројатноста денес американците да ве наречат терорист е исто толкава колку во времето на Сталин да ве наречат троцкист. А тоа не е НГТ. Е сеа, не дека Осама не е терорист, ама ја да кажам. У осталом кој е терорист: тој што го прави планот или тој што го извршува? --Фичо 09:56, 16 јули 2007 (UTC)

Колку што можев да забележам на википедија на англиски јазик, која патем е добро контролирана од американците, најблиску до нашево терористи, е Current FBI Top Ten Most Wanted Fugitive или Islamist terrorism. Колку што се разбрам од германски, и таму не е етикетиран така ачик. Иако на повеќето така да ги наречам едноставни википедии, најчесто се употребува терминот терорист. Па ако се сложувате да го смениме во категорија: Терористи според администрацијата на САД, или некој превод на англиското: Current FBI Top Ten Most Wanted Fugitive?--brest 10:29, 16 јули 2007 (UTC)

Јас сум за Терористи според администрацијата на САД. Не е потребно понатамошно специфицирање според мое мислење (Zdravko 10:41, 16 јули 2007 (UTC)) Менувам категорија во -- Терористи според администрацијата на САД.--brest 19:07, 15 август 2007 (UTC)

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • Податотека наместо Image, вики клучни зборови на македонски.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 14:11, 27 јули 2009 (UTC), управуван од Brest.