Разговор:Обединета Македонија (поздрав)

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа статија е дел од ВикиПроект Македонија, чии цели се создавање стандардизиран, информативен и лесен за користење извор за Македонија. Ако сакате да земете учествувате во овој проект, ве молиме посетете ја страната на проектот, каде можете да се приклучите на проектната екипа.

„Содржина непоткрепена со наводи“[уреди извор]

Па да направиме еден пресек на статиите на МК Вики. Велите оваа статија е непоткрепена со наводи, а што е со 70% од статиите на МК Вики исто така без наводи? Фер е, нели?--Никола Стоіаноски 12:57, 30 јуни 2013 (CEST)[одговори]

Да, но во 70% од статиите не станува збор за спорна тема со наслов којшто без извор не значи ама баш ништо. Еве на пример, статијата за градот Дака не содржи ниту еден извор, но тоа не значи дека градот не е главен град на Бангладеш. Во овој случај, јас, а верувам и многу други читатели, не знаеле дека ваквиот поздрав како што е опишан во статијата потекнува од македонските националисти и се прави на тој начин без притоа да се наведат веродостојни извори со коишто ќе се докаже тоа. Сметам дека статијата треба да биде избришана.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:12, 30 јуни 2013 (CEST)[одговори]
P.S. Што се однесува до тоа дека е фер статијата да не биде избришана поради тоа што 70% од статиите не содржат извори, мислам дека ова е крајно некоректно од страна на еден администратор на Википедија на македонски јазик. Значи ли тоа сега дека јас можам да уредам статија за каква било глупост и потоа да расправам дека треба истата да остане без извори само поради тоа што другите статии немаат извори? Ете, дојдовме и до време во коешто самите администратори на Википедија на македонски јазик прават нешто коешто безусловно доведува до намалување на квалитетот на содржините.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:18, 30 јуни 2013 (CEST)[одговори]

Нема потреба од бришење на статијата, само ознака дека нема наводи. --M4r51n (разговор) 13:15, 30 јуни 2013 (CEST)[одговори]

Кирил, прво прибери се, не ти личи на искуството и на годините такво безобразно општење. Второ, поздравот постои, се користи, ако си излегол некаде на некој протест или натревар, ќе го забележиш. Трето, преведена е од англиската. Нема потреба од бришење.--Никола Стоіаноски 15:23, 30 јуни 2013 (CEST)[одговори]
Никола, јас едноставно те критикував и ти поставив прашање, а за возврат наместо одговор добив контра-критика. Ќе се обидам да го изнесам мојот став на појасен начин поделувајќи го на неколку делови:
  1. Статии без извор на спорни теми немаат никаква вредност.
  2. Теоријата дека ако другите статии немаат извори, тоа значи дека е дозволено и фер да се уредуваат статии без извори, воопшто не држи вода. Понатаму, тоа не придонесува кон подобрувње на квалитетот на содржините на Википедија, туку само кон нивно намалување.
  3. Википедија на англиски јазик нема никаква релевантност на Википедија на македонски јазик. Тоа значи дека ако нешто постои таму, не значи по автоматизам дека треба да постои и кај нас.
  4. Како администратор, ти секогаш треба да бидеш подготвен да ги прифаќаш критиките, а не да реагираш со тоа што ќе испраќаш контра-критики и ќе им поставуваш сопки на другите корисници. Покрај тоа, ќе бидам коректен до крај и нема да реагирам на твојот ироничен коментар со 70% од статиите како пример за да се оправда постоењето на оваа статија. Ако мислиш дека 70% од статиите немаат извори, твоја работа е да земеш да ги додаваш, а не тоа да го користиш како аргумент за некои други дејствија.
Тоа е целото објаснување на мојот став, којшто нема за цел некого да навреди.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:19, 30 јуни 2013 (CEST)[одговори]

Сметам дека отворањето на нова долга дискусија е бескорисно за Википедија и претставува залуден потрошок на време, па поради тоа статијата ја предложив за бришење на соодветната страница. Ќе ве замолам вашите коментари и гласови да ги оставите таму. Благодарам.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:17, 30 јуни 2013 (CEST)[одговори]