Разговор:Мартија Станојковиќ

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Вака, се согласувам дека станува збор за една кариера која штотуку почнува, меѓутоа со изборот да оди на Детска Евровизија веќе го исполнува правото на значајност колку и статијата за Барбара Поповиќ, со таа разлика што Барабара веќе го заврши својот настап пред три години и оттогаш ја нема никаде односно немаме слушнато ништо за неа можда и не пее повеќе. За разлика од неа Мартија доправа треба да настапува и никогаш не знаеш што може да се случи, на пример на англиската википедија сите победници на Детската Евровизија имаат статии без разлика што сеуште се само деца. Случајно листајќи пред некој ден видов дека на руската википедија, русите имаат статии за секој свој претставник на Детскиот евросонг. Што се однесува до самата статија, колку што успеав да најдам информации внесов во неа и ги поткрепив со извори. Тоа се мојте факти, ако сакате избришете ама незаборавајте дека статијата Барбара Поповиќ не е ништо повеќе вредна од оваа па е уште активна. Поздрав R.Williams88 (разговор) 11:22, 14 октомври 2016 (CEST)[одговори]

Благодарам за објаснувањето. Изборот за настап на Детскиот избор за песна на Евровизија е доволен показател за значајност. --Kiril Simeonovski (разговор) 12:15, 14 октомври 2016 (CEST)[одговори]
И јас ти благодарам за разбирањето. R.Williams88 (разговор) 12:54, 14 октомври 2016 (CEST)[одговори]