Разговор:Магна карта

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Мислам дека е погрешно доколку статијата остане со наслов „Магна Карта“. Добро е да се пренасочи во еден од оригиналните поими, Magna Carta или Magna charta libertatum. Преводот на Magna Carta би бил „Голема карта“, што мислам дека не е најсоодветно, додека преводот на Magna charta libertatum е „Голема карта на слободата“ („Голема карта на правата“), што мсилам дека е соодветен наслов на статијата. Доколку веќе, насловот остане со овој наслов, тогаш мислам дека треба да биде „Магна карта“. Во Правопис проверив и ваквите поими во македонскиот јазик не се транскрибираат со големи почетни букви на секој збор, туку само на првиот. Тоа значи дека правилото за сите големи букви од латинскиот јазик не важи во македонскиот и затоа е погрешно да се транскрибира „во цела форма“ оригиналниот назив.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:52, 26 јуни 2009 (UTC)

Во секој случај овој документ е познат по оригиналниот скратен назив „Магна Карта“ (без разлика дали со мала или голема буква), а не како „Голема карта“, што како израз означува само „карта која е голема“... --Виолетова (разговор) 21:58, 26 јуни 2009 (UTC)
Нека си седи „Магна карта“, како што е сега. За „Голема карта на слободата“ или „Голема карта на правата“ мислам дека треба добро да се размисли. Во учебниците по историја и неколку средновековни книги во кои проверив е Magna Carta (значи во оригинал). Мене, логично ми изгледа оваа статија да биде насловена Magna Carta, бидејќи има доста статии кои се насловени во оригинал, на латински.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:00, 27 јуни 2009 (UTC)
P.S. Мислам дека за ова е потребно да се поразговара и да се коментираат некои работи и заеднички да донесеме заклучоци. Има статии, кои имаат наслов на латински и се оставени на латиница (во оригинал), но има и некои кои не се. Ова не е добро, бидејќи оваа спротивност укажува на фактот дека има „грешки“. Мене, пологично ми изгледа дека насловите треба да стоат во оригинал, на латински, а не да се транскрбираат. Како на пр. status quo во статус кво или цели други фрази. Ваквите работи не личат на ништо и затоа треба да се заклучи оваа работа и да се соопшти како треба.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:08, 27 јуни 2009 (UTC)

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • Податотека наместо Image, вики клучни зборови на македонски.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 22:49, 26 јули 2009 (UTC), управуван од Brest.