Разговор за Википедија:Потребни статии

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Ве молам во додаток на преведување на насловите изложени на оваа страна да започнувате и статии од преведените наслови, инаку самата страна би била бесцелна. И.Дукоски

Момче недораснато и наивно, ако Гаврило Принцип е терорист, тогаш терористи се и Гемиџиите и Владо Черноземски. За бугарската и антимакедонска пропагнда што ја дозволуваш на македонската Википедиа ќе разговараме со тебе наскоро. "Ханс"

  • Господине „Ханс“, оваа страна постои чисто за ориентација на тоа што постои а што не постои на македонската Википедија. Форматот е превземен од англиската Вики, го немам измислено. Групирањата можеби се приближни, груби и немаат некое значење за остатокот од енциклопедијата НО вршат работа и тука нема дискусија. Ако сметаш дека некој поим е погрешно групиран, повели премести го и, по можност, дефинирај го - ќе ти бидам благодарен. Инаку, конкретно за Гаврило Принцип и останатите: формално тие се терористи, дури и Гемиџиите, и референцата за нив е сосема на место. Наречи ги и борци за слобода и групирај ги како такви, пак нема да згрешиш а референцата ќе биде на место. Она што е терорист за едни, за други е борец за слобода. Во продолжение, доколку сметаш дека има бугарска и антимакедонска пропаганда на македонската Википедија, приклучи се на дискусиите со тоа што ќе дадеш конструктивни забелешки место „Бугари-Татари“ и слично, со задоволство ќе го прифатам секој интелигентен коментар. За жал, македонската страна е екстремно тивка по неколку клучни прашања па во изобилство на коментари од бугарска страна, не може да се земе неутрална гледна точка што ќе ги игнорира бугарските коментари. Ете, бидејќи ти си тука сега, се надевам ќе видиме некоја позитивна измена. До тогаш, дораснатоста и мудроста ќе ги бројам во дела а не зборови. Дали се разбираме? И.Дукоски
  • Црни, пред да дозволиш антимакедонска и бугарска пропаганда на странава, фати читај и проучувај, а дотогаш страниците подобро да бидат празни. Мене не ме плаќа никој јас на тебе тука професор да ти бидам. А Бугарите се навистина Татари, и за тоа „Кои се и што се Бугарите“ ќе напишам со задоволство една статија на македонската Википедиа. Врз тоа Македонците ги нарекуваме Бугарите веќе во последните 100 години „Бугари-Татари“. Зошто ја тргна статијата за Самоил за ќеф на Бугарите? Можеше да работиш на неа, а не целосно да ја тргнеш.

ПС: Али Ахмети и компанија нешто ги заборави во друштвото на терористите. Ќе ти препуштам на тебе да ги ставиш, пред да ги ставам јас. „Ханс“

Она што е терорист за едни, за други е борец за слобода.

tocno, i zatoa sto ova e makedonska vikipedija, treba da bidat tretirani kako borci za slobodi (za cernozemski, gemidziite) --Azwhoopin18 03:48, 8 May 2005 (UTC)

Историски се согласувам 100%, во однос на оваа листа ми е сеедно. Слободно смени им ја позицијата на листата, слободно напиши статија. Прашање е само дали „Ханс“ ќе те пушти да ги чепкаш неговите измени, хех... --Ivica83 03:58, 8 May 2005 (UTC)

  • Ако е ова македонска википедиа зошто албанските терористи од војната во 2001 година во Македонија не се ставени во „Терористи“? Еден ден кога ќе ви се родат внуци, ќе видите дека Македонија ја доживеала судбината на Косово, како што изгледа и сте заслужиле тоа така да биде, чим вие овде присутните, претставници на Македонците, ги сметате УЧК-терористите за борци за слобода и не ги ставате во листата на терористи.

Гаврило Принцип не е терорист и затоа е тргнат од листата. Борбата против австоугарската империја и ропство е исто што и борбата против турската империја и ропство.

Не политизирајте непотребно[уреди извор]

Затоа што очигледно нешто не е јасно, ве молам, прочитајте на почетокот од текстот што е намената на листава и дека е земена од Мета, со тоа што може да се додаваат линкови и за оние што се битни специфично за Македонија. На Мета нема ниеден важен текст, од специфично значење за Македонија, консеквентно нема ни за Гемиџиите, ни за ВМРО, ни за Партизаните, а Гаврило Принцип беше ставен на листата на терористи (веројатно поради неговите методи, а не неговите цели). Сметам дека е несоодветно да се стави Гаврило Принцип заедно со Осама бин Ладен, и затоа ги направив потребните измени. Истотака ги додадов и Партизаните и ВМРО во Организации и борци за слобода, за да нема забуни. Друго нешто што изменив на оригиналната листа е тоа што наместо еден малависки диктатор во "Политичари и водачи од минатото" го додадов Јосип Броз Тито и тоа НЕ Е дека ми е нешто посебно симпатичен, туку дека реално бил битен за Македонија (сфатете го тоа и во позитивна и во негативна смисла). Истотака, ако некој сака да искористи фактот што Али Ахмети не е ставен воопшто на листава, ниту пак е вметнат како некаков показател дека сме некакви предавници - веројатно смета дека е Али Ахмети побитен од Моцарт или Бетовен или Ганди? Лично сметам дека Али Ахмети е терорист, и лично сметам дека статија за него би можело да има, но не би морало (во смисла дека најпрвин ни се потребни овие тука 1000 статии), а освен тоа не можам органски да го смислам. Затоа пред да почнете да покажувате со прсти, прочитајте убаво, и да не дозволуваме нашите суети да преовладеат со Википедијава, и да се случи слична судбина како со bagra.org. Освен тоа, секој може да додава во листава, така што да се бараат виновници е апсурдно. --FlavrSavr 17:37, 8 May 2005 (UTC) По пат, имам проблеми со логиката на некои од учесниците на дискусијава - тоа што не е ставен Ванчо Михајлов во листа на терористи, или Квинслинг во листа на политичари и водачи, не прави нас фашисти или бугараши? И тие што ја направиле оригиналната листа? --FlavrSavr 17:52, 8 May 2005 (UTC)

Vanco mihajlov si e makedonec samo pogresno nasocen.. isto ko i B.C. I ljubco...--Azwhoopin18 17:25, 9 May 2005 (UTC)

  • Ванчо Михајлов не еднаш туку 100 пати има изјавено усмено и писмено дека е БУГАР. Тој не е Македонец и не може да биде. Доколку велиш дека тој е Македонец, тогаш не постои македонски народ и македонска нација, а Македонец е географски поим за народите кои живеат на територијата на Македонија, Бугари, Грци, Срби, Роми, итн. За да не правиш антимакедонска пропаганда без да знаеш, ти препорачувам да прочиташ што е тоа нација. До 20 век, врмето кога и Ванчо Михајлов живеел, формирани се веќе сите европски нации. Користи го интернет за да научиш нешто повеќе.
  • Зошто секогаш мора да ги ископате овие исти па исти муабети? Ванчо бил ова, Јане бил она, Самоил бил оваков, Солун бил онаков. Па побогу, одберете едно место (пожелно некој политички форум) и таму дрвете го на такви теми. Впрочем и ако го дрвите до утре сабајле со Бугарите или Грците, не верувам дека ќе смените нешто. Како што кажа некој погоре, баталете ги тие теми и за промена зафатете се за нешто продуктивно. Преведете текст за Јупитер, за Ајнштајн, за вашиот омилен писател, музичар или сликар... Иван

Хемиски проблем?[уреди извор]

Под Хемија во Потребни статии Точка 3 Листа на елементи треба да се избрише бидејќи веќе постој точка 6 Периоден систем. Колку што знам, овие два поими немаат никаква разлика. --Johan1298 18:15, 2 јануари 2007 (UTC)

Коментар[уреди извор]

Листата треба да се обнови, поточно да се избришат статиите што ги имаме и да се стават нови наслови кои ги немаме.--MacedonianBoy 14:24, 18 февруари 2009 (UTC)

Во началото на оваj чланак пише да чланци, коjи се битни за оваа Википедиjа, могу да биде додавани, но била потребна дискусиjа. Евe дискусиjа. Сада можем ли да вратим везата кон Слободан Милошевик (коjу Рашо е избрисал), коjи jе бил владар на соседна Србиjа 10 години. Потребител:Bogorm (разговор) 18:58, 1 септември 2009 (UTC)

Прво морам да ти кажам дека ти си првиот Бугар србољубец што сум го видел, а еден од многурте македономрзачи кои мислат дека пишуваат на македонски. Како и да и, и јас сум за апдејтирање на листата.--Никола Стоіаноски 18:59, 12 септември 2009 (UTC)

Предлог[уреди извор]

Мислам дека е многу погрешно што на неколку места пишува дека се потребни само по 5 реченици. Не смееме да ги охрабруваме википедијанците да пишуваат само по 5 реченици за Никола Тесла, Магелан, Да Винчи, за Холокаустот итн. бидејќи тоа се статии кои никако не можат да бидат опишани толку кратко, а сепак се од огрмоно значење и секој кој претендира да ги прошири своите знаења треба да знае многу повеќе за овие работи, а тоа не можеме да му го допуштиме тука. Јас сум против сите овие статии и тоа можете да го проверите во моите уредувања каде што иако се во мал број, во голем број ги исполнуваат критериумите за квалитетна статија.

Исто така, се согласувам со MacedonianBoy бидејќи има уште многу работи кои се важни и за кои треба да се напише статија на македонската википедија. Поздрав Kekev (разговор) 21:51, 31 март 2011 (CEST)[одговори]

Дополнување[уреди извор]

Би им предложил на посериозните википедијанци да потрошат малку повеќе време (2 или 3 дена) во уредување на една статија со тоа што ќе ја направат квалитетна. Верувам дека сите можеме да пишуваме по 50 статии дневно од по 5 реченици, но тоа според мене не е решението за подобрување на македонската википедија. Kekev (разговор) 21:55, 31 март 2011 (CEST)[одговори]

Овој коментар е на место. Мислам дека тоа е поради фактот што за време на зачетоците на Википедија, поради помалиот број на активни корисници и потребата од уредување на нови статии, бил утврден критериум за тоа колку треба да опфаќа една статија, кој за жал денес не може да биде земен предвид за статии во еден ваков список. Посоодветно е да не постои ваква одредница, па затоа ќе ги отстранам ваквите белешки.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:54, 7 април 2011 (CEST)[одговори]

Измени[уреди извор]

Списоков некако ми нема смисла. Насловот вели дека статиите се потребни, а всушност 70% од наведените веќе се направени. Давајте предлози за статии кои треба да ги имаме и да го ажурираме списоков. Позз--Никола Стоіаноски 11:46, 27 декември 2011 (CET)[одговори]

Баш сега го видов списоков и стварно мислам дека му треба мало освежување. Доколку некој од уредувачите нема нешто против, веднаш би почнал со средување на листата. Ќе ги тргнам тие статии кои мислам дека се доволно опширни и квалитетно напишани, а ќе поставам празни статии или пак никулци.--Вик Ретлхед (разговор) 14:52, 20 ноември 2012 (CET)[одговори]
Мојата работа тука е готова. Останува уште да се подобри списокот за медицина и биологија бидејќи не е многу прегледен, но таа работа ја оставам на некој друг уредувач. Поздрав.--Вик Ретлхед (разговор) 13:02, 21 ноември 2012 (CET)[одговори]

Салцбург[уреди извор]

Сметам дека статијата Салцбург да се додаде во потребни статии.. --M4r51n (разговор) 21:33, 1 март 2013 (CET)[одговори]

New real time list of missing articles[уреди извор]

I suggest that you give a look to the Mix'n'match tool by Magnus Manske, and that you recommend it from this page. Thanks to Wikidata, it's able to tell you in real time what articles you're missing out of several reliable lists of relevant persons. --Nemo 19:06, 10 октомври 2014 (CEST)[одговори]

Надополнување со нови потребни статии[уреди извор]

Овој список треба да се надополни со нови потребни статии. Најлесен начин новите уредувачи да најдат што би пишувале е списокот, но во моментов веќе не е корисен. Најавувам дека во текот на овој и наредниот ден ќе го надополнам. Ако имате предлози за статии кои ги нема, а се потребни, слободно предложете. Поздрав -Виолетова (разговор) 15:20, 16 јуни 2015 (CEST)[одговори]

Успение на Пресвета Богородица во с.Суводол- Демир Хисар[уреди извор]

Почнувајки од старите времиња кога христијанството се пренесло од Азија во Македонија, црквата “Cв. Богородица” с. Суводол била една од најстарите цркви на овие простори. Но со текот на времето поради честите војни на овие простори црквата пропаднала, но заветот за Св.Богородица се пренесувал од генерации на генерации и пред неколку години манастирот е возобновен. Стилот на градба на овој манастир e византиски. Посетеноста на овој манастир е доста голема и поради двете езера покрај манастирот и изворедната природна убавина"