Разговор:Ленка – Кочо Рацин

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Разговор:Ленка (поема))

а зошто не се дозволува само текст на песна? на англиската има такви статии. Поздрав--MacedonianBoy 21:49, 21 мај 2008 (UTC)

На англиската нема статии чијашто содржина е само текст на песна. Минимумот е барем една воведна реченица, а би било пожелно и да се категоризира, да се стават надворешни врски и слично (види пример: en:Makedonsko Devojče и Македонско девојче). Впрочем, текстови на песни се дозволени само за народни или стари авторски песни; Википедија не е сајт за текстови на авторски песни (за повеќе, види en:WP:NOT#LYRICS). Оваа ја означив за бришење бидејќи:
  • има само текст, и тоа неуреден;
  • многу е мала веројатноста некој да ја уреди статијата во рок од еден месец (праксата така покажала);
  • има лошо име.
Би било во ред ако некој напише неколку зборови за песната, односно автор, збирка, година, тема, а текстот да се смести во заглавие ==Текст==, како и да се категоризира правилно. Бидејќи ти праша, те поканувам да го сториш тоа :D Не дека е нешто тешко, ама, ете, никој не го прави тоа (јас, лично, си имам други задачи зададено).
Важно за името: името на статијата треба да биде едно од следниве:
  • Ленка (песна);
  • Ленка (поема).
Ако постои и друга песна/поема што се вика Ленка, тогаш може:
  • Ленка (песна од Кочо Рацин);
  • Ленка (поема од Кочо Рацин);
  • Ленка (Кочо Рацин).
Мислам дека треба да биде „поема“ бидејќи се разликува од „песна“ (поезија е, не е музичка композиција), а не мора да содржи „Кочо Рацин“ бидејќи не знам за друга поема што се вика Ленка. Значи, „Ленка (поема)“ :) Поздрав. --iNkubusse A? 05:02, 22 мај 2008 (UTC)
Овде не е филиал на англиската, не треба да се подржава на то, што е таму. Поемите - во Викиизворник, нали тоj е за тоа? Потребител:Bogorm (разговор) 14:50, 28 април 2009 (UTC)