Разговор:Курт Кобејн

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа статија е избрана статија на Википедија на македонски јазик. Таа ги задоволува соодветните критериуми и со согласност од вики-заедницата беше избрана за една од најдобрите статии на Википедија на македонски јазик. Доколку сакате нешто да дополните или промените во истата, слободно направете го тоа!

Македонски, кирилица[уреди извор]

Преведов еден дел од статијата, има многу анлиски наслови, па и по некоја реченица. Ги оставив насловите и во англиски оригинал, заради автентичност. Кирилица рулес, Јееееее! :-) Црноризец (разговор) 02:46, 13 јули 2009 (UTC)


Здраво, Поголемиот дел од вашите преводи (посебно на имињата на групите и пестните) од статијата за Курт Кобејн ги отстранив заради ова. Поздрав, Wikimk (разговор) 14:20, 13 јули 2009 (UTC)

Проблемот е што во промените на Crnorizec имаше и имиња на луѓе, кои беа на латиница. Тоа е недозволено за една избрана статија, која се наоѓа на главната страница.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:44, 13 јули 2009 (UTC)
Има уште еден проблем. Кога преведуваме од некој од помалите јазици секогаш постои можност да не ја знаеме точната транскрипција. На пример ако презимето на Гас Ван Сент е по потекло од Холандија, тогаш чинам дека треба да биде пребеден како Гас Фан Сент. Со оглед на тоа што немаме доволно експерти за сите јазици, за да им помогнеме на читателите да дојдат до податоци за човекот згодно е да се користи оригиналото име со најверојатнот превод во заграда. За ова веќе сме зборувале. Поздрав, --Wikimk (разговор) 15:34, 13 јули 2009 (UTC)
Ако е тоа така, ајде сè да оставиме во оригинал и да си го запустиме јазикот. Не се согласувам со тоа. Мислам дека ако некој сака да дознае, тоа треба да го побара на Википедја на некој друг словенски јазик (српски или руски).--Kiril Simeonovski (разговор) 00:06, 14 јули 2009 (UTC)

До ВикиМК и сите други на кои им е тешко да се снајдат со кирилицата: статијава имаше комичен микс од латинични и кирилични имиња и не личеше на ништо. На пример, зошто некојси "Крист Новоселич" би бил напишан на кирилица (како што го затекнав), a "Gus Van Sant" на латиница??? Исто важи и за имињата на песни и други дела, беа измешани латинични и кирилични имиња, преведени и непреведени, и сл. Иако некои се повикуваат на "автентичност" или на "проблеми со преводот", би сакал да укажам дека најмалку што може да се направи за својот јазик и за македонската Википедија е да се користи кирилица, барем во комбинација со латиницата (заради автентичност, нели...).

Жал ми е што сум погрешно разбран. Јас сум против непотребно користење на латиница. Јас сум против бенчмаркови, мајлстоуни, имејлови, штампи, бекстејџови, у-ес-бе стикови и сл. Но, исто така сум и против нестручни преводи на македонски јазик. Со оглед на тоа што имам ограничени познавања од англискиот, а мнооогу мали од др. јазици јас секогаш кога нема да знам како нешто се преведува, ќе избегнувам тоа да го правам. Со тоа мислам дека ќе избегнам комични преводи јас секогаш ќе ги користам оригиналите таму каде сметам дека не го познавам доволно јазикот.
Покрај ова што го кажав еве и еден конструктивен предлог за кој немам намера да се залагам со оглед на тоа што вие повеќе се разбирате во светските јазици од мене. За да излезе нешто подобро од оваа работа од само комични коментари еве еден конструктивен предлог. За да му помогнеме на читателот да разбере за што станува збор, при првото спомнување да се користи преводот на името (или поимот) на македонски јазик да го придружуваме со името напишано во оригиналниот јазик во заграда. На таков ја избегнуваме можноста да сме направиле погрешен превод како во случајот со "Gus Van Sant", а кога тоа ќе го прочита некој кој од нас подобро знае како се преведува (посебно од помалите јазици) тогаш самиот/самата ќе може да го коригира неточниот превод така како што треба. Мислам дека ова што го велам е конструктивно, а исто така се надевам дека со Кирил ќе иницирате некоја идеја за корекција на постојните правила.
Инаку, во статијата триесетина пати се спомнува зборот бенд и него сме заборавиле обајцата да го преведеме.
Поздрав, --Wikimk (разговор) 07:15, 15 јули 2009 (UTC)

Бидејќи веќе почнале да се ревертираат уредувања, нема повеќе да интервенирам во статијава, ниту да се бавам со ова. Во секој случај, не личи на избрана статија пола да е на латиница. Поздрав, Црноризец (разговор) 01:40, 15 јули 2009 (UTC)

И уште нешто: ова не е договорена конвенција ниту на уредувачите на Википедија, ниту на македонскиот литературен јазик, туку нечија приватна идеја. Црноризец (разговор) 01:47, 15 јули 2009 (UTC)
Идејата била приватна само на почетокот - до моментот додека не сме се договориле дека ќе ја користиме. Секако, ние секогаш може да ги игнорираме сите правила. Ова е прилика да учествувате во промената на овие правила, а со тоа верувам дека полесно ќе ви биде и да се придржувате кон нив. --Wikimk (разговор) 07:15, 15 јули 2009 (UTC)
Види, дали се користи македонски и кирилица на македонската википедија или не, е беспредметно да се дебатира. Да ти преведам и на англиски за да ме сфатиш: НОН НЕГОТИАБЛЕ. Тоа што флаврсавр го составил, не знам кој го прифатил како стандард и кој гласал за тоа, ама е спротивно на основата за постоење на македонската википедија. Или накратко: глупост. Црноризец (разговор) 21:03, 19 јули 2009 (UTC)

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • цитирана веб страница наместо cite web, назив на шаблон на македонски јазик.
  • цитирана книга наместо cite book, назив на шаблон на македонски јазик.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 12:53, 26 јули 2009 (UTC), управуван од Brest.

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

Промена на зборови од типот се додека во сè додека , е со надреден знак.

  • Наводи наместо Референци, англизам.

списоци наместо листи, непотребен интернационализам. Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 14:47, 2 јуни 2010 (CEST), управуван од Brest.[одговори]

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • филизоф* во философ*, с наместо з, правописна грешка.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 01:27, 9 август 2010 (CEST), управуван од Brest.[одговори]