Разговор:Кубер

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Ве молам, тука требаат извори, тоа не е расказ по слободен избор.Комита 09:49, 24 Jun 2005 (UTC)

фашизоидно однесување[уреди извор]

Етногенезата на секој народ е многу сложен процес за да може да се објасни во неколку реченици. Она што мора јасно да се каже е методолошкиот пристап во изучувањето на ова прашање. Имено, во минатиот систем се негираше дека има некаква врска меѓу античките и денешните Македонци додека пак сега, поради конјуктурност, се оди во друга крајност и се става знак на еднаквост меѓу нив. Се разбира дека ни едното ни другото не е точно затоа што нема чисти народи. Затоа што народите се создаваат со мешање и испреплетување на повеќе компоненти што се претопуваат. Затоа, тие компоненти не може да се бараат нити да се идентификуваат со нивниот првобитен лик зошто не се повеќе тоа што биле туку се преобразиле во нешто друго и поинакво. За да му биде јасно секому, тоа е исто како да се обидете да ја одделите жолчката од белката, откако ќе направите кајгана!. Тие што се обидуваат да го прават тоа, а за жал меѓу нив има и професионалци, покажуваат елементарно непознавање на процесот на етногенезата. Одговорот на тоа кој се живеел во Македонија зависи од периодот: сигурно дека жителите во старото камено време не се истите со оние во античкиот период и од средновековието, а уште помалку со оние од последниве векови и поврзувањето на палеолитските луѓе со денешниве не само што е смешно и нарцисоидно (ние сме стари, односно најстари) туку е и опасно, зашто води кон фашизоидно однесување.


Нема наука кога има “интелектуална проституција”--Еден Македонец 04:15, 24 март 2010 (UTC)

Дали може да се утврди потеклото на еден народ и ако може, како се прави тоа?[уреди извор]

Се разбира дека може. Тоа се прави со интердисциплинарни истражувања засновани врз строги научни методи, а не од новокомпонирани историчари и лаици по мас-медиуми, како што се прави тоа кај нас! А уште поважно е тоа да биде без диктат од политиката, што е многу тешко да се избегне во општества какво што е нашево. Политичкиот диктат не мора да биде директно упатен до научниците, многу често политичарите креираат клима која што ги насочува изучувањата или, пак, наметнува теми кои од научна гледна точка не се толку важни, но затоа им се важни на политичарите, првенствено заради останување на власт. За жал, кај нас не само што нема доволен број стручњаци за ова прашање (за историја, епиграфика, ономастика, етнологија, археологија, антропологија и др., дури има и непокриени научни области, како што се палеографија, сфрагистика, хералдика, нумизматика и др.), туку нема никакви услови за работа. И кога една тема е конјуктурна и исполитизирана, како оваа со потеклото, со неа почнуваат да се “занимаваат“ квазинаучниците наместо квалитетно образован кадар.


--Еден Македонец 04:36, 24 март 2010 (UTC)

НЕТОЧНА РЕФЕРЕНЦА[уреди извор]

Всушност во историските извори не се спомнуваат никакви кутригури заедно со Кубер, туку прабугари. Историјата за него е опишана единствено во "Чудата на св. Димитриj". Дејаниjата на св. Димитриj, с. 158-160.... БРИШАМ... НЕТОЧНА РЕФЕРЕНЦА... ЕДИНСТВЕН ИЗВОР ЗА НАСЕЛУВАЊЕТО НА КУВЕР ВО МАКЕДОНИЈА Е АНОНИМНИОТ АВТОР НА МИРАКУЛИ... види во изворите и белешките кој се наѓаат во статијата--Еден Македонец 07:21, 31 март 2010 (UTC)

Сермезијанци[уреди извор]

Во македонската историогрфија ова неселени се нарекува Сермезијанци, ми се здосади да поправм--Еден Македонец ? (разговор) 21:33, 31 март 2010 (UTC)