Разговор:Комунистичка партија на Германија

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

„Во Источна Германија, КПГ (водена од Валтер Улбрихт) прифатила одреден број членови од источната СПГ и се преименувала во Единствена социјалистичка партија на Германија (SED)“,
го заменив со:
„Во Источна Германија, КПГ (водена од Валтер Улбрихт) прифатила некои елементи од источната СПГ и се преименувала во Партија за социјалистичко единство на Германија (SED)“,
бидејќи не прифатила членови, туку елементи од ставовите на другата партија, а за второто, бидејќи така се вика партијата.

Истото го направив и со Единствена социјалистичка партија на Западен Берлин -> Партија за социјалистичко единство на Западен Берлин, за ова сум сигурен.

Понатаму, „Во западниот дел од Германија КПГ по војната се реорганизирала...“ -> „КПГ се реорганизирала во западниот дел од Германија...“, бидејќи мислам дека партијата преминала во Западна Германија и таму се реорганизирала, па второво ми звучи поприродно.

Се изненадив од другите глупости (грешки) што сум ги направил, не бев спиен :P, фала за исправките! :D

Останува само уште нешто за што не сум баш најсигурен, односно „Спартаковиот сојуз“. Прилично сум сигурен дека тоа се викало „Спартакистички сојуз“, проверете и на други места. Не го сменив бидејќи не сакам да правам работи за коишто не сум целосно сигурен, но сепак мислам дека е Спартакистички сојуз, ќе го сменам кога ќе бидам 100% сигурен. --Поречанец 14:25, 13 јули 2007 (UTC)

Поречанец, и јас имам налетано на три различни термини „Спартаков сојуз“, како што стои, „Спартакистички сојуз“, како што мислиш дека треба, па дури и „Спартакијански сојуз“ што може да го најдеш во некој учебник по историја (мислам дека е за осмо одделение). Мое мислење е дека треба да го смениш во Спартакистички сојуз, но нема да биде голема грешка и кога би останало вака. --Виктор Јованоски 14:37, 13 јули 2007 (UTC)

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • август име на месец со кое не почнува реченица, со мала буква.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 10:55, 26 јули 2009 (UTC), управуван од Brest.

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • Наводи наместо Референци, англизам.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 14:10, 2 јуни 2010 (CEST), управуван од Brest.[одговори]