Разговор:Злетово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

За Кирил Симеоновски. Момче, досега пишував за три селски населби од општина Пробиштип (Плешенци, Пуздерци и Зелениград).Бидејки сум школски другар на Гутенберг, релативно тешко се снаоѓам во оваа ИТ-технологија.Зборот мие за ова.Сакам,можам (се сметам за релативно писмен) имам и потребна литература ДА ПИШУВАМ за уште ТРИ или ЧЕТИРИ вики единици: ЗЛЕТОВСКА ОБЛАСТ, ЗЛЕТОВСКА ЖУПА, ЗЛЕТОВСКА ЕПИСКОПИЈА И ЗЛЕТОВО. Меѓутоа, со оглед на тематиката, посебно историската димензија на овие одредници, сметам дека тие не можат да се стават под ПРОБИШТИПСКИ СЕЛА или села во општина Пробиштип.Туку за секоја од овие теми,по мене,треба посебен простор кој,секако,особено за ’Злетовска област’и ’Злетово’ ќе биде подолг и ќе биде,не секогаш, во рамки на Вашите ’историја’,’институции’ итн.Па,ако не е некој посебен проблем, ја имате мојата ИП адреса, јавете ми, како да да се реализира овој мој предлог. Инаку, не да се саморекламирам, за себе ќе додадам дека имам завршено социологија и тоа пред да се отвори познатата скопска социолошка школа. Мн. поздрав. 77.29.187.109 (разговор) 10:36, 7 септември 2012 (CEST)

Добредојдовте на Википедија на македонски јазик. Вашите придонеси на википедија се драгоцени, посебно од аспект на уредување на одредници кои се недоволно опфатени на википедија. Бидете храбри во вашите уредувања, ова е Википедија, користете енциклопедиски стил на пишување, наведете извори со кои ќе ги поткрепите наведените содржини во статиите, бидете неутрални. Поздрав и многу успех на Википедија. P.S. подобро е да регистрирате ваше корисничко име, наместо комуникацијата да се одвива преку IP адреса. --brest (разговор) 11:32, 7 септември 2012 (CEST)

Момци имам една ЗАБЕЛЕШКА. Иако википедијата е слободно уредување, ама не треба да се заборави дека и во слободата има граници. Ако нема тогаш таа се претвара во анархија. Зборот ми е за ова.Во статијата ЗЛЕТОВО, во категоријата ЛУЧНОСТИ се наведени лица кои се непознати за Злетово. Уште повеќе се преземени од ВАНЧО МИХАЈЛОВ и неговите спомени. Ако се тргна по тој пат и се земат личности од „патријаршиска провиниенција„ односно српски извори,тогаш се прашувам каде ќе ни биде крајот? И во што ќе се претвори македонскиот дел од википедијата? Натаму е ваше, ама и ако има нешто како одговорност и таа ќе биде ваше! Мн.поздрав Ј.Ј.77.28.79.103 (разговор) 14:22, 28 септември 2012 (CEST)



За КИРИЛ СИМОНОВСКИ:Абе Кириле,не3 ја знам вашата технологија,ама ме чуди што овие три единици :ЗЛЕТОВСКА ОБЛАСТ, ЗЛЕТОВСКА ЕПИСКОПИЈА И ЖУПА ЗЛЕТОВО не ги поместете како посебни единици.По мене се коректно и,не срамам да кажам, стручно обработени... Ајде пиши ми во што е работата?Поздрав 77.28.150.127 (разговор) 14:52, 19 октомври 2012 (CEST)


Втор пат за Кирил Симоновски.
Ме изненадува “ПРЕАМБУЛАТА“ за Злетово. Таа како што ја имате верификувано не мие писмена, а уште повеќе отстапува од реалната состојба.Во една реченица,на сила разделена на повеќе, четири пати да се инсистира на СЕЛО или е недобудност или е намера.Инаку, колку за информација,ОДРЕДБАТА што  е СЕЛО што е ГРАД има повеќе варијанти.Меѓу кои, статистичка,урбанистичка, економска, историска итн. Затоа имаше населби,селски,мешани и градски. Не може,на пример, за Злетово да се рече дека е село ни од економски, ни од урбан ни од  традиционално-историски. Еве и зошто. Во Злетово нема ни едно ЧИСТО ЗЕМЈОДЕЛСКО домаќинство кое егзистира од земјоделство или сточарство. Има нешто домаќинства ( нема ни 10 насто од вкупните 750) кои имаат башти или лозја, но основните приходи им се од неземјоделски дејности: индустрија,администрација и услужни дејности.Натаму има урбана инфраструктура (водовод, канализација, асфалтирани улици, куќи кои не се разликуваат и од семјните куќи од Скопје  итн.)Уште има многу продавници, 4 ( и со зборови четири) фирми конфекционери, 5 ( тоа две сосема пристојни) кафеани, 3 кафиќи,занаетчии итн. Црква, пошта, здравстевна станица, осумгодишно училиште,д. градинка  итн. Но, да не должам.Мене мие јасно дека „ПРЕАМБУЛАТА„ до која се држите како слеп за стап ја доставил некои од и така многу бројните скрибомани ангажирани во општ. администрација.

ВТОРА РАБОТА: Одредница за Лесново е, најблаго речено, крајно несериозна, да не речам глупа. Авторот во својот романтичко поетски стил (росни ливади, воздушна бања, цвеќина, шуми и др. ступидарии) заборавил да прочита, а барем за манастирот Лесново има барем 100 кгр. литература и наша и туѓа. Ми се чини дека авторот на таа одредница и ако нешто прочитал накриво го прочитал, не го разбрал и, уште полошо. никогаш не ќе разбере. Историјата си е историја не се покрива со празни политикантски фрази... Мн. поздрав.

77.28.150.127 (разговор) 17:27, 20 октомври 2012 (CEST)








            ЗЛЕТОВСКА ОБЛАСТ


    Во средновековито во 13,14 и 15 век, во Североисточна Македонија постојат неколку области. Тоа се Жеглигово,Средорек, Овче поле, Пијанец и ЗЛЕТОВО.Тоа се релативно издвоени природно географски целини кои,покрај другото, во општествено-политички релации се одредуваат и како Жупи.

Ако ги оставиме по страна другите области, Злетовската област го зафаќа сливот на Злетовска река,од нејзиното извориште па се до нејзиниот влив во Брегалница. Таа, Злетовската област, просторно зафаќа 43 км квадратни. И во средновековните извори и др.историски документи е определена, на повеќе начини, како ЖУПА Злетово, како Злетово, Злетовничка област или како Злетовска област. Таа на запад, со Руен котите 685 и 732 мн.висина се двои од Овче Поле, а со Грамада,Црн Врв и Пониква (Шлегово), Буковец од Кратово.На север и на југ се потпира на Осоговскиот масив и вододелницата со кочанската котлина.Северозападниот дел е планински составен од кристалести шкрилци и еруптиви карпи .Југоисточниот дел е котлина прошарана со речни долинки, брановидни рамнини и ридови чија надморска висина не надминува преку 700 метри.Преку долината на Злетовска река, Злетовската област е отворена кон Брегалничката долина и кочанската котлина. Ваквата конфигурација ја детерминира и климата и климатското влијание.Во северистичниот планински дел е планинска, а во југозападниот умерено континентална со влијание на променета средоземноморска клима,односно медитеранска клима, успеваат ориз, памук,тутун, афион итн.Злетовска река има значаен хидролошки потенцијал кој од неодамна е во функција. Инаку за природните богатства имаме и запис на некој црноризец, веројатно пред Kарпошевото востание (после кое оваа Злетовска област ќе биде, речиси уништена), пишува како Господ се истурил со доброта на овие полиња и планини.Дал шуми, ливади,ниви,вода.Дал жито,грозје,овошје,вино и ракија.Шуми полни со дивеч ,реки со риба.Дал и руди од кои се добиваат метали.Живает високи,здрави и убави и храбри планинци.Од кога стигнаа Османлиите се ова се урна,направија со своите безчесни насилија и грабежи и да заборавиме дека сме луѓе, божји слуги, туку добиток кој им служи за работа, за сурсат,за хајкачи на нивните ловови... Инаку,уште од „памтивек, Злетовската и Кратовска област се познати со своето рудно богатство.Терцијалните вулкански дејства создале големи рудни наслаги, особено меѓу селата Луково,Лесново,Јамиште,Т.Рудари,Стрмош,Плешенци итн..По трагите рударството им било познато на Римјаните,а посебно се интензивира за времето на Цар Душан, кога од Шлезија се доселуваат европски рудари Сасите и кои со турските освојувања делумно ќе ја напуштат областа. За време на Сулејман Величествениот рударството во Кратово и Злетово пак ќе постане главна економска гранка.Но, потоа ќе почне да стагнира и по Кримската војна во Кратовско ќе престане и оваа активност ќе се направи обид да се пренесе во секторот на Злетово и злетовско.Ќе се изградат топилници за олово со водата на Злетовска река како погонска сила, меѓутоа по неполни три децении 1882 година овие објекти ќе бидат напуштени. Земјоделството е развиено јужно од Злетово,околу Злетовска река и нејзините притоки.Сточарството е развиено во североисточниот планински дел. Процесот на деаграризација на населението,посебно на младото и работспособно население од селото и од земјоделството и сточарството во неземјоделските дејности Злетовската област ќе ја зафати нешто подоцна .И во однос на одделни други подрачја и региони од Македонија и во однос на глобалното движење на населението во бившата СФРЈ.Сите селски населби од пеестината колку што ги имало тогаш во Областа,во првите после воени пописи на население 1948,1953,1961 год. имаме релативно висока стапка на пораст на населенито и покрај рестриктивните мерки кои државата ги приеменува во однос на земјоделството и сточарството.Меѓутоа, по 1961 година веќе се јавува стабилизација на населението на ниво на Областа.Така,на пример, во 1961 има 18900 жители,во 1971 год. има 17917 жители, 1981 година16.769 и во 1991 год. 17547 жители.По структуралните општествено-политички промени,длабоката економска стагнација,развојот на населението е негативен.Имаме села кои се пред гаснење или се веќе угаснати. Интересно е да се одбележи дека во Злетовска област има во просек 0,80 ха по жител, 0,92 ха ливади и пасишта и 0,009 ха неплодно земјиште или вкупно на жител по 2,40 ха.Особено е висок просекот на обработливо земјиште 0,80 ха од исто таквиот просек на ниво на Македонија по жител.Во светски рамки овој просек на обработливо земјиште на жител е 0,45 ха по жител. Што се однесува до сточниот фонд,за што има услови за летна и зимска испаша,резултатите од попистите на земјоделството во 1969 и 1991 година загрижувачки состојби.Фондот на говеда е намален од 5738 (1969 г.) на 1727 глави во 1991 год. Исто така, бројот на овци од 44758 глави во 1991 год. е преполовен на 20068 овци, свињите од 3201 на 2243.Единствено се забележува пораст на живината и тоа 116,7 насто во 1991 год. во однос на 1969 година. На крајот да додадеме дека со напредокот во рударството,индустријата,урбанизацијата во Злетовската област,посебно концентрацијата на населението во општинскиот центар Пробиштип е несомнено успех.Меѓутоа, по која цена?Со екстремен демографски развој на едно место Пробиштип а деградација и,буквално,уништување на сите други,пеесетина села,освен Злетово и Ратавица тешко е да се смета за промислена економска,демографска и просторна политика. Имено, тоа нешто е производ на крајно произволното прекројување на Областа.Поделбата на една природно-географска и историска целина во четири општини, систематското и интензивно запоставување на селото и земјоделството и сточарството, „грабежот“ на младото работноспособно население во другите дејности и во град, отсуството на било каква идеа за прегрупирања на селските населби и формирање на локални рурални центри итн. за само 3 децении продукцираа наполна деградација на овој простор.Релативно значајни производствени и потенцијали во обработливо земјиште,ливади и пасишта останаа неискористени и веќе наполно запуштени.



         Литература:
            Славко Димевски,Црковна историја на македонскиот народ, Скопје,1965.
            Јордан Иванов,Северна Македонија,Софија,1906.
            Константин Јиречек,Историја Срба,Београд,1952.
            Јован М.Јовановиќ,Јужна Србија од краја 18 века до ослобоѓења,Београд.
            Стојан Новаковиќ,Законик Цара Душана,,Београд,1898.
            Стеван Симиќ,Историја Кратовске области,1914.
            Група автори,Злетовска област,1974.
            Тодор Кондев,Осоговија,ПМФ,Скопје,1966.
            В.Петковиќ, Старине,1923.
            Ј.Јовановски,Некои основни демографски и стопански карактеристики
                         на злетовската област (1961-1991 г.)Погледи,11/1996,Скопје.









                   ЗЛЕТОВСКА ЕПИСКОПИЈА


По крунисувањето на Душан за цар (1345 г.)настанува промоција во повисоки звања и во редовите на феудалната хиерархија.Така, великиот војвода Јован Оливер кој е управител и на Злетовската област, е унапреден во ДЕСПОТ - највисока титула која можел да ја носи еден феудалец.Деспотијата на Јован Оливер се проширува и зафаќа пространа област во Северна Македонија и сливот на реката Брегалница.А со самото тоа се наметнува потребата и да се создаде и црквена институција од соодветен ранг.Така,во 1347 год. е решено Лесновската игуманија да се подигне во ранг на епископија.Оваа замисла и потреба уште е понагласена и од тогашната црквена политика, односно разграничување на географскиот простор меѓу новосоздадената Печка патријаршија и далеку постарата Охридска архиепископија.Во тој контекст со формирањето на Злетовската епископија која е припоена кон Печката патријаршија, се укинува Мородвиската која била под јурисдикација на Охридската архиепископија. Од грамотата што ја издал Цар Душан 1347 г. се одредува како духовен центар манастирот Лесново,а седиштето на владиката во Злетово.Во истиот документ,во кој се одредени имотите и привелегиите наменети за манастирот и епархијата, од нивниот распоред во Источна Македонија, можно е и да се согледат и границите на новооснованата епископија.Оттаму, оваа епископија претежно го зафака средниот слив на река Брегалница. Изборот за седиште на новоформираната епископија да бидат Злетово и Лесновскиот манастир не е случаен туку сериозен и длабоко промислен чин.Имено, тогаш Злетово уште од 1330 год. е седиште на ЖУПА. Жупата во Злетово не е само територијално-политичка единица туку е и економски центар во кој,покрај другото, развиено тогашно занаетчиство (колари, ковачи,самарџии,седлари, валавици итн.) има и “трг“, пазарен ден.Од Хрисовулата на Цар Душан гледаме дека приходите од пазарот 100 перпери годишно претставуваат и економска основа за егзистенција на епископијата. Во еден стар запис од 1353 год. “Лесновски паренесис“, меѓу другите информации стои дека таа книга ја “исписа Ефрем из земли Злетовској, в место рекамем Лесново..“ и натаму “На повеление ми господина епископа Арсение.“ По Маричката битка 1371 год. и турските освојувања, на Балканскиот полуостров егзистираат четири независни православни цркви:Цариградската,Печката и Трновската патријаршија и Охридската архиепископија.Со освојување на Бугарија од страна Турците, Трновската патријаршија е укината и е подвластена на Цариградската патријаршија.Српската,односно Печката патријаршија ќе постои до до 1459 год. до падот на Смедерево, а потоа нејзините епархии, меѓу кои и Злетовската, ќе бидат потчинети на Охридската архиепископија. Ваквото прекројување и преместување на епархиите од Пеќ во Охрид не минало без потреси.Од еден документ, (кондик) издаден од Охридската архиепископија во првата половина на 16 век,гледаме како смедеревскиот епископ Павле ги отцепува епархиите од Охрид кои претходно биле под владение на Печката патријаршија, меѓу кои е и Злетовската епископија.Во 153о год. овој епископ Павле се прогласил за српски патријарх и меѓу ново ракоположените владици, се јавува и просторот поранешната злетовска епископија,а за владика е поставен Неофит Лесновски. Во еден друг документ од 1532 година, меѓу потписите на архиереите кои го анатемисуваат владиката Павле е и потписот на владика Никофор Кратовски.Од овој документ не е тешко да се претпостави дека дека во тој период, на просторот на Злетовската епископија има две епископии.Едната под јурисдикција на Охрид,а другата на Пеќ. Ако се послужиме со народното предание кое вели поради енормно зголемување и воведување на нови и нови даноци од страна Турците заради финасирање на нивните воени походи преку Сава и Дунав,настанува невидено безвластие, хаос, осромашување и на рајата и на црквите.И тогаш владиката, како и многу други свештени лица, тргнал преку Срвија,Влашко и Бесарабија за Русија да бара милостиња и поткрепа за својата паства и за манастирот.Не се вратил, не се знае ни до каде стигнал, му се губи, сега за сега, секаков траг. Во првите години, од третта деценија на минатиот век, откако Кралството на СХС од Цариградската патријаршија ќе ги откупи (за околу .1300 000 -1.400 000 златни франци) епархиите од Вардарска Македонија пак ќе се појават траги од средновековието.Имено, во тогашна Македонија ќе се формираат три епархии меѓу кое е ЗЛЕТОВСКО - СТРУМИЧКАТА, со седиште во Штип.Оваа епархија ќе егзистира под тој наслов и кога Македонската православна црква ќе се осамостали, односно ќе се прогласи за автокефална.Деценија - две откако МПЦ ќе се стабилизира и кадровски и институционално,Злетовско - струмичата епископија ќе биде укината и ќе се формираат две нови епископии, односно митрополии:Брегалничката и Струмичката. Интресно за одбележување е секако и првата посета на Злетовско-струмичкиот владика Наум на Злетово при крајот на седудесетите години од минатиот век. Од неговото симнување од автобусот (тогаш и владиците немале ни коли ни џипови), во тогашното “едноумие“ го пречекало целото население од Злетово и неговата околина.Уште повеќе бил изненаден што целиот пат од автобусот до црквата “Св.Богородица“ бил послан со “ирами и килими“,кои злетовчани ги донеле од своите домови, не допуштајки еден владика кој, после 3 - 4 века, се појавува меѓу нив, да гази по земја.


        Литература:
           Вл.Петковиќ,Преглед црквених споменика кроз повесницу српског народа,Београд,1950.
           В.Петковиќ,Натписи и записи,Старинар,2, (1924-1925),Београд 1950.
           Иван Снегаров,Историја на Охридската архиепископија,Софија,1924.
           Коста Балабанов,Новооткриени имиња на зографите во црквата на Лесновскиот манастир,
                           Разгледи,Скопје,1963.
           Стојан Новаковиќ,Законски споменици српских држава средњега века,Београд,1912.
           Љ.Стојановиќ, Стари српски записи и натписи,Београд,1902.
           Стојан Новаковиќ,Законик Цара Душана,Београд,1898.
           Група автори,Злетовска област,Скопје,1974.
           Стеван Симиќ,Историја Кратовске области, 1914.
           Јордан Иванов,Блгарски старини из Македонија,Софија,1931.
           





                           ЖУПА ЗЛЕТОВО


Жупа како средновековена просторно-економско и политичка единица кај нас се јавува со српското освојување на Северна Македонија:Горен и Долен Полог,Овче Поле, Злетово и Пијанец.Овие краишта за време на византиското владеење имале византиска админстративно- територијална поделба на теми и катепаникии.А сега се поделени на жупи со кои управуваат жупани. Инаку жупата претставува ограничена, помала територијална единица:котлини, речни долини, градови итн., и тие се основа на поголемите покраини.Од историските извори произлегува дека во просторна смисла нема правила за големината на жупата.Меѓу жупите постои линија на разграничување (ненаселени ридови, шуми итн.).Средиште на жупата е поголемо населено место или некој град.Населението е должно да се грижи за безбедноста,да ги одржува патиштата и мостовите, премините.Да ги дочекува и испраќа царските и феудалните службеници, да плаќа оштета од разбојници и итн. Со жупата управува жупан,обично од најмоќните локални родови,а покрај него, постојат и собранија на слободни луѓе... Од историските документи кои се однесуваат за овој период, гледаме дека уште во 1330 година, Злетовскиот крај кој во своите природно -географски и економски ресурси се разликува од соседните:Жеглигово,Средорек,Овче Поле итн. се формира жупа со седиште во централното населено место Злетово и фигурира како Злетовска жупа.Како прв жупан се споменува жупанот Драгослав. Изборот и формирањето на Злетовската жупа е резултат на повеќе фактори.Околу Злетово се распоредени пеестина села,земјиштето околу Злетовска река е погодно за земјоделство,а северниот планински дел за сточарство. Како најважен фактор, секако, е рударството кое е развиено уште во римскиот период,а сега, посебно со доселувањето на Сасите кои ја напуштаат Шлезија поради монголските продори во Панонската низија,доживува голем развој и просперитет.Се продолжува со рударење во старите римски и се отварат нови рудокопи и топилници. Со локацијата на жупанот и неговата админстарција како што се,на пример, севаст,страж,изгонџија, кефалија, војници тоа нешто претпоставува и одредена “инфраструктура“,односно жупански “двор“, згради за сместување на службениците и војниците, одбранбени објекти,економски згради во кои ќе се чува се она што се собира од даночните намети во храна,добиток и фураж, како и работилници за изработка и одржување на оружјето, ковачи,колари,седлари итн. Тоа нешто означува дека во Злетово постои,за тогашни услови, соодевена урбана целина. Ова нешто ќе се потврди две децении подоцна кога седиштето на новооснованата епископија ќе се смести во Злетово што значи и додатно формирање на црквена администрација. По крунисувањето на Душан за Цар, настанува и промоција во редовите на феудалната хиерархија во повиоски звања и титули.Така,на пример, владетелот на овој дел од Македонија великиот војвода Оливер Јован стигнува до највисоката титула деспот.Постепено се укинуваат жупите и жупаните,а Злетовската жупа постанува, односно прераснува во административно-територијална смисла, во Злетовска област.




                  Литература:
                  Група автори,Злетовска област,Скопје,1974.
                  Стеван Симиќ,Историја Кратовске области,1914.
                  Стојан Новаковиќ,Законски споменици српских држава средњег века,БГД,1912.
                  Мала енциклопедија,Просвета,Београд,1959.
                  Љ.Стојановиќ,Стари српски записи и натписи.Београд, 1902.
                   (77.28.72.178 (разговор) 23:35, 17 октомври 2012 (CEST))

Абе википедисти, во што е проблемот. Пред повеќе години го напишав текстот за Злетово и неколку села околу него. За ЗЛЕТОВО, во тогашниот разговор ви објаснив дека не може, по повеќе параметри, да не ги набројувам, СЕЛО, о општина Пробиштип, туку МЕШАНА НАСЕЛБА: Има ли некаде по тие мерила село во ое нема ЗЕМЈОДЕЛЦИ ИЛИ СТОЧАРИ? Зошто сте ја смениле по почетокот квалификацијата МЕШАНА НАСЕЛБА во СЕЛО? Кој е тој злетовско-пробиштипски регион? Чиста глупост, затоа што регион по сите основни каракетиристики не може да биде простор од 30 сетина селски населби! Регион е нешто повеќе и во географски, и природно, и екомски итн. параметри.Оставете ја таа општинка си некаква мрежа, таа е резултат, да бидам искрен, на некомпетентни, ограничени...77.29.125.188 (разговор) 01:53, 6 јануари 2017 (CET) Јордан Јовановски

Најпрвин, голема благодарност за вложениот труд за додавање на полезни информации во статијата. Се согласувам дека Злетово е потребно да се разграничи од многу останати села, но ако забележите подобро, разграничувањето е направено уште во втората реченица од воведот. Сепак, не можеме да го избегнеме тоа што Злетово и натаму административно се смета за село, а истото се потврдува и со негово вклучување во географската литература (на пример, Злетово е вклучено во делото „Енциклопедија на селата во Република Македонија“).--Kiril Simeonovski (разговор) 14:47, 6 ноември 2017 (CET)