Разговор:Драгослав Ортаков
Додај тема|
Ова е разговорната страница за расправа во врска со подобрувања на статијата „Драгослав Ортаков“ |
||||
|---|---|---|---|---|
|
|
|||
Проф. д-р Драгослав Ортаков е роден на 22.04.1928.година во Гевгелија. Основоположник е на музикологијата и музичката византологија во Македонија. Тој е и еден од основачите на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Автор е на голем број книги, огледи, статии и музички критики како базични дела на музичката наука кај нас. Неговото композиторско творештво брои околу 150 дела, како од инструменталниот, така и од вокалниот музички род, меѓу кои се издвојуваат голем број црковно-музички дела. Во тој сегмент од композиторската дејност на Драгослав Ортаков, централно место им припаѓа на неговите дешифрации и хармонизации на црковни песнопенија. Добитник е на голем број награди и признанија, од кои кај нас се издвојуваат наградите “Св. Климент Охридски“, “13-ти ноември“, “Трајко Прокопиев“, а исто така и на награди и признанија во странство, поврзани со неговата музиколошка и композиторска дејност. Починал на 09.12.2007 година во Скопје.
Започнете разговор за Драгослав Ортаков
Разговорните страници служат како место за разговор во врска со тоа како да се создадат најдобри можни содржини на Википедија. Тука можете да започнувате разговори со други околу подобрувањето на Драгослав Ортаков.