Разговор:Димитар Влахов

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

До Здравко Однапред ти се извинувам доколку нешто лошо сум направил, па те уверувам дека за неколку денови статијата за Димитар Влахов ќе биде проширена од моја страна. Поздрав и не заборавајте „Македонија е се што имаме“- Киро Глигоров

Најновата статија за Димитар Влахов[уреди извор]

Димитар Влахов е роден на 8 ноември 1878 година во Кукуш ( Килкис ) Егејска (Беломорска) Македонија. Се школува во родниот град, во солунската гимназија од каде е исклучен заради учество во ученичкиот бунт. Студира во Германија и Швајцарија, а во 1903 година дипломирал хемија на Софискиот универзитет.Во 1904 година станува член на ЦК на и раководител на ВМРО во Солун соработувајќи непосредно со познатиот македонски лидер Гоце Делчев. Во периодот од година престојува во Швајцарија каде се движи претежно во социјалистичките кругови. За време на Хуриетот е истакнат член на Народната Федеративна Партија чија цел беше по уставен пат да се дојде до автономија на Македонија и е избран за пратеник во младотурскиот парламент од 1908 до 1912 година заедно со Христо Далчев како и претставници на серската група ( или санданисти) на ВМРО Во парламентот бил мошне активен застапувајќи ги развивајќи ги програмските барања на Народната Федеративна Партија и на социјалистичката парламентарна група на која и самиот припаѓал.Учествува и во редактирањето на програмската статија Единство кој бил орган на дејците од струмичкиот револуционерен округ на ВМРО на чело со Христо Чернопеев. Во своите Мемоари имал неповолно мислење за Димитрија Чуповски и неговата дејност во која се вели дека биле “ во улога на руската завојувачка политика на балканот во однос на Македонија и и дека за списанието “Македонски глас“ дека бил издаван со руски пари.Истотака, во своите “Мемоари пишува и за напорите кои биле правени уште од 1918 година во Одеса за признавање на Македонците. По Балканските војни револуционерната дејност ја продолжува во емиграција. Во 1917 година по анектирањето на Македонија од страна на Бугарија, Влахов станува управник на Приштинската област и по Големата војна ја вршеше должноста Бугарски генерален конзул, прво во Одеса, а потоа во Виена. Во 1924 година е организатор во потпишувањето на т.нар. Мајски манифест во Виена со кој ВМРО се согласува да дејствува заедно со комунистичките партии од балканот. Со потпишувањето на мајскиот манифест, со кој се обиде да ги “смири“ спротиставените водачи на ВМРО , Димитар Влахов бил отповикан од бугарската влада. Димитар Влахов е еден од основачите на ВМРО (обединета) , на основите и принципите на Мајскиот манифест. Со него ВМРО (обединета) се обврзуваше за формирање на независна автономна Македонија во рамките на општа балканска федерација. Таа исто така и објави војна на сите балкански влади кои се спротивставуваа на реализирањето на таа идеја вклучувајќи ја и бугарската влада која ја подржуваше идејата на врховистите за вклучување на целата македонска земја во рамките на бугарската држава. Најверојатно, Манифестот очигледно бил комплетиран на 29 април 1924 година но неговото публикување беше одложено и висеше во воздух во очекување на Александровото враќање во Софија за да ги консултираат другите партии таму. По пристигнувањето во Софија на Александров му станало сосема јасно дека публикувањето на Манифестот во суштина 6и значело потпишување на сопствен смртен налог имајќи ја предвид неускладеиоста со врховистичките цели. Неговите следбеници го убедиле да го повлече својот потпис во интерес на самата ВМРО која не би смеела да си дозволи да изгуби толку “ способен “ лидер во тој критичен момент. Александров поради тоа го известил Влахов и Чаулев да го суспендираат објавувањето и на Манифестот и веднаш да се вратат во Софија. Несогласувајќи се со терористичките методи на ВМРО, кое во тој период потпадна под големо влијание на Иван Михајлов и дегенерира во пион на бугарските и италијанските планови за разбивање и ширење на Бугарија на балканот, Влахов формира своја организација Обединета ВМРО во 1925. и ги изложи своите идеи во неговата позната книга "Балканска федерациЯ" во која се вели: “Интегрализмот е големосрпска идеја, федерализмот-југословенска, а федерацијата има за нас смисла до толку до колку ние преку неа би можеле да го видиме нашиот заветен идеал-слобода на нашата татковина...“ . ". Влахов не беше свртен ниту кон Бугарија, ниту кон Југославија (која тогаш водеше политика на крут централизам) туку кон Советскиот Сојуз, со чија помош тој се надеваше да постигне обединување на јужно словенските народи каде Македонија би формирала одделна, автономна федерална единица. Иако Влахов и понатаму продолжи да се залага за ненасилнички методи за остварување на своите цели, неговата организација престана да постои по преземањето на власта во Бугарија од владата на Воената лига во Бугарија во 1934, при што нејзините членови беа осудени на долги временски казни под обвинение за вооружено востание.

Од 1925 до 1944 година е член на Бугарската комунистичка партија. Од 1936 до 1944 год. живеел во СССР. Во емиграција бил уредник на весниците „Македонско дело“ во Виена, Берлин, Париз (Во Париз, се верува дека соработувал со Георги Димитров од Коминтерна во работи поврзани со Шпанската граѓанска војна. По 1944 и ослободувањето се враќа во Македонија и станува член на ЦК на Комунистичката Партија на Македонија. На Второто заседание на АСНОМ е избран за потпретседател, а потоа и за потпретседател на Президиумот на сојузното собрание на ФНРЈ. Димитар Влахов во 1948 година на седница на Политбирото говореше за постоењето на македонска нација, и рекол дека: “ Во 1932 година е направена грешка. Сите тие ветерани(се мисли на бугарските бегалци) останаа само на нивото на политички, а не и на национален сепаратизам “ . Умира во Белград во 1953 година.

Цитатот на крајот од статијата е додаден без референци и надвор е од контектст на целата статија! 77.28.1.152 (разговор) 23:37, 4 јануари 2009 (UTC)

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • така што наместо така да, србизам.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 23:17, 25 јули 2009 (UTC), управуван од Brest.