Разговор:Дидје Дешан

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Разговор:Дидје Дешам)

Францускиот изговор на името е [di.dje de.ʃã], а ако се предаде на македонски е Дидје Дешам. И сегашното име не е лошо. --Никола Стоіаноски 11:03, 30 август 2012 (CEST)[одговори]

Транскрипција на /ã/[уреди извор]

Очигледно нема еднозначност за транскрипцијата на Deschamps, што се гледа и во неговата транскрипција на другите кирилични јазици. Имено на бугарски и српски истиот е транскрибиран како „Дешан“, а на руски и украински како „Дешам“.

Во Меѓународната фонетска азбука за француски јазик за изговор на /ã/ се даваат само примери кои на македонски се предаваат со „ан“, и не се прави разлика за она што го слушаме како „ан“ или „ам“.

Во Правописот на македонскиот јазик (ИМЈ, 2005) дадено е дека транскрипцијата на /ã/ е „ан“ или „ам“ во зависност од тоа со кои букви е напишана на француски јазик, притоа наведени се примери за истото, но и примери на отстапувања. Ова би значело дека треба многу внимателно да се базираме на овие правила.

Причината заради која го ставам „Дешан“ наместо „Дешам“ е тоа што така го слушам при изговор на француски, но исто така и некои веќе етаблирани транскрипции. Доколку го усвоиме „Дешам“ тогаш би требало да го промениме и Шанзелизе во „Шамзелизе“.

П. Неделковски 21:18, 21 септември 2016 (CEST)