Разговор:Ден на планетата Земја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Што ке сторам јас за палнетата Земја?[уреди извор]

Земјата е една од осумте планети во Сончевиот систем. Таа е трета земја по оддалеченост од Сонцето и најголема планета со цврста површина, за разлика од гасовитите „џинови”. Планетата земја има еден природен сателит, Месечината, и засега е единствената позната планета на која има живот. Во геологијата преовладува мислењето дека земјата е стара околу 4,6 милијарди години, што е потврдено со одредувањето на времето на полураспаѓање на ураниумот и ториумот. Времето на полураспаѓање на U238 е 4,51 x 109 , а Th232 е 1,39 x 1010 години.[1] Земјата има и магнетно поле кое, заедно со атмосферата, ја штити од радијација (штетна по живите суштества кои ја населуваат земјата). Атмосферата, исто така служи и како штит за одбивање на помалите метеори, кои поминувајќи низ неa согоруваат пред да стигнат до земјената површина. Единствениот познат сателит на земјата, Месечината, почнала да кружи околу земјата пред 4,53 милијарди години. Денес, земјата прави круг околу сонцето на секои 366,26 кругови кои ги направила околу својата оска (што е еднакво на бројката од 365,26 соларни денови). Земјината оска се наоѓа под агол од 23,5°[2] што е последица за менувањето на годишните времиња на земјината површина. Атмосферските услови се значајно променети одкако настанал животот на планетата и ни создава еколошка рамнотежа која ги модифицира условите на површината на земјата. Околу 71% од земјината површина е покриен со вода. Земјата е единствена планета во сончевиот систем каде што водата може да остане во течна состојба. Останатите 29% се континентите и островите. Земјината површина е многу променувана во текот на многу милиони години, а причина се тектонските движења. Земјата, исто така реагира и на надворешниот свет во одредени мери. Нејзиниот релативно голем сателит, Месечината, влијае на плимата и осеката, го стабилизира променувањето на степенот на земјината оска со што постепено ја менува должината на вртежниот период на земјата. Дождот од комети, во периодот по настанувањето на земјата, одиграла голема улога во настанувањето на океаните. Покасно, сударите со астероидите предизвикале значајни промени во земјината површина. Наталија Пановска