Разговор:Главна страница/Расправа за редизајн/2006/Maj-Јуни
Види исто така: | |
|
Од причини на архивирање на сите расправи за редизајн на главната страница на едно место, на подстраницата за разговор на главната страница оддел расправа за редизајн, поместена е следнава конверзација во дадениот период.
Нов дизајн на главната страница[уреди извор]
Си земав за слобода да ја редизајнирам главната страница. Ги оставив истите бои (мислам дека се ок), само малку ги разместив содржините. Погледнете ја и кажете дали ви се допаѓа и дали да ја замениме постоечката. --Милош 13:54, 20 Мај 2006 (UTC)
- Наполно ја поддржувам. Многу е подобра од моменталата. --Б. Јанкулоскиразговор 14:27, 20 Мај 2006 (UTC)
- За. :-) --FlavrSavr 01:53, 21 Мај 2006 (UTC)
- За. --Boyan 07:38, 21 Мај 2006 (UTC)
- Па и мене ми се свиѓа новио изглед на почетната страна, само нели мислите дека ударни треба да бидат содржините на Википедија (мислам на Македонија, Природни и математички науки ...). Можеби е добро тие да одат први и хоризонтално поставени како на англиската верзија. Другото се е ОК.--Majahm 11:02, 21 Мај 2006 (UTC)
- На Англиската Википедија најгоре стојат порталите (кои ние ги имаме во многу мал број). Не е проблем да се постави таков дел и кај нас, само со каква содржина!? Заборавив да напоменам, ќе мора да ја ограничуваме должината на шаблоните Дали сте знаеле, Актуелно и Одбрана статија за да нема празен простор. --Милош 11:54, 21 Мај 2006 (UTC)
- За--Јованвб 12:38, 21 Мај 2006 (UTC)
Бидејќи сите беа за, го ставив новиот дизајн. Останува идејата на Majahm која може да ја имплементираме и подоцна и проблемот со нашите логоа - дали може некој да ги направи транспарентни и да ги „македонизира“ :) ? --Милош 17:47, 1 Јуни 2006 (UTC)
- Одлично изгледа! --FlavrSavr 18:11, 1 Јуни 2006 (UTC)
Википедија на други јазици[уреди извор]
Мислам дека треба и најдолниот дел од главната страница да биде во табела. Вака изгледа некако... па ајде - пусто. Ваши мислења за ова подолу?
--Boyan 17:39, 4 Јуни 2006 (UTC)
- Јас па мислев да предложам јазиците да одат од страна (видете ја Српската Википедија, на пример), а ослободениот дел да оди за зголемување на содржината... --FlavrSavr 19:43, 4 Јуни 2006 (UTC)
- Ми се свиѓа изгледот. Јас мислев тоа да оди во посебна страница, а на главната да стои линк до неа. Ми се свиѓа и идеата на FlavrSavr, треба само интервики да додадеме. --Милош 22:54, 4 Јуни 2006 (UTC)
- Јас сум за да одат од страна. Многу попрактично и ослободува место, како што спомена FlavrSavr. --Б. Јанкулоскиразговор 00:49, 5 Јуни 2006 (UTC)
- OK, добро е и така. ;-) Boyan 09:51, 5 Јуни 2006 (UTC)
Си земав за слобода да ја ажурирам главната страница. Во принцип, ги имплементирав сите предлози, со една мала промена - на главната страница одат интервики врски до сите википедии со над 10000 статии и „пријателските“ википедии, јазици сродни со македонскиот. Ако има забелешки, кажете. --Милош 19:42, 5 Јуни 2006 (UTC)