Разговор:Геноцид над Србите во Независна Држава Хрватска

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Наслов и содржина[уреди извор]

Јас искрено не мислам дека статија со овој наслов и вака структуирана содржина треба да постои на Википедија на македонски јазик затоа што за обичниот читател остава впечаток дека се нагласува геноцидот над Србите во НДХ. Треба да се имаат предвид две работи: 1) Срби во Втората светска војна не биле убивани само во НДХ и 2) во НДХ биле убивани луѓе од повеќе етнички заедници. Впрочем, на самата Википедија на српски јазик постојат статиите Геноцид над Србима у Другом свјетском рату, којашто се однесува на 1), и Холокауст у Независној Држави Хрватској, којашто се однесува на 2), но не постои засебна статија како оваа којашто ги поврзува 1) и 2). Оттука, мој предлог е статијата да биде поделена во две одделни по примерот на Википедија на српски јазик, со тоа што силниот и пристрастен збор „геноцид“ ќе биде заменет со некој поблаг и понеутрален поим, како на пример „прогон“ или „злосторства“.--Kiril Simeonovski (разговор) 10:30, 15 јуни 2020 (CEST)[одговори]

Ти благодарам на коментарот Кирил. Се согласувам дека можеби е малку екстремно да се користи зборот „геноцид“, но само ја користев англиската википедија како извор поради многу добрата покриеност. Лично, никогаш немав слушнато за ваквите случувања и затоа одлучив да ја преведам со цел да се едуцирам повеќе на темата. Исто така, свесен сум дека со вакви теми, не секогаш содржината е непристрасна. Што се однесува до твојот коментар, мислам дека има доволно покриеност за статијата да остане со моменталната содржина и целосно да го покрива насловот доколку тој се преименува во „Злосторства извршени врз Србите во Независна Држава Хрватска“. DD1997DD (разговор) 16:27, 15 јуни 2020 (CEST)[одговори]
Здраво Дарко. Ја преименував статијата во „Злосторства над Србите во Независна Држава Хрватска“ и направив некои ситни измени во текстот. Во воведната реченица го оставив изразот „геноцид над Србите“ како втор назив и додадов извор. Инаку, статијата содржински се развива доста добро. Во врска со преведувањето содржини од Википедија на англиски јазик, особено внимаваме на историски теми од ова поднебје затоа што неретко се јавуваат корисници кои имаат за цел преку некои статии да го протуркаат сопственото гледиште и да вршат пропаганда. Така на пример, таму со години постои статијата Macedonian Bulgarians, чија содржина во целост е антимакедонска и заговара дека Македонците се народ којшто настанал преку насилна политика на македонизација од страна на југословенските власти врз месното бугарско население (со други зборови, статијата го раскажува бугарското гледиште за македонскиот народ).--Kiril Simeonovski (разговор) 18:32, 15 јуни 2020 (CEST)[одговори]
Ти благодарам уште еднаш за промените. Во право си, ќе бидам попретпазлив во иднина кои статии почнувам да ги преведувам. Поздрав. DD1997DD (разговор) 22:39, 15 јуни 2020 (CEST)[одговори]