Разговор:Генетика

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа статија е избрана статија на Википедија на македонски јазик. Таа ги задоволува соодветните критериуми и со согласност од вики-заедницата беше избрана за една од најдобрите статии на Википедија на македонски јазик. Доколку сакате нешто да дополните или промените во истата, слободно направете го тоа!

Терминологија[уреди извор]

Ги познавам и ги ценам твоите заложби Бојан Ј. за што поцелосна употреба на македонскиот јазик онаму каде што може. Меѓутоа, поимот „низионирање на ДНК“ како процес кој опфаќа „низи од ДНК“ не постои во македонската генетичка терминологија, ниту, пак, го има во некој дигитален речник на македонскиот јазик. Од друга страна, тоа е нашироко востановен поим во светските јазици, така што означувањето на таа генетичка постапка како „низионирање“ би го збунило секој кој е заинтересиран и ја чита статијата за генетика. Направив некои мали промени во статијата, а воедно и го вратив „секвенционирањето на ДНК“. Поздрав. -- Бојан имаш за кажување? 19:01, 29 април 2013 (CEST)[одговори]

Хаха, сега ја забележав таа банална грешка :) Немав намера да го менувам тој поим. Поимот што го заменував со „низа“ се јавуваше толку пати што морав да го направам со автоматска замена наеднаш. Се трудам да ги предвидам сите ситуации кајшто може да е јават неправилности, ама оваа сум ја превидел и автоматски си заменило. --Б. Јанкулоски (разговор) 08:19, 30 април 2013 (CEST)[одговори]