Разговор:Внукот на маѓепсникот

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

„Фантастичен“[уреди извор]

Знам дека Кирил, чисто онака го променил тоа фантастичен во научно-фантастичен, но сепак сакам да образложам кое е поправилно. Значи, не сум експерт во овие работи, но работам долго време на овие статии и осознав некои работи. Значи, имаме поим „Фантазија“ - поим што означува нешто натприродно, нешто замислено и сл. Е сега придавката „фантастично“ е изведена од тој збор и објаснува нешто од таков вид, но во нашиот народен говор а и во народниот говор на некои наши соседи зборот се користи и како придавка за опишување некоја особина, односно „фантастичен човек“ не значи човек со некакви моќи туку „извонреден човек“, бидејќи фантазија е нешто повеќе од обичното, нешто замислено, истото се однесува на човекот, тој е толку извонреден, одличен што би го нарекле фантастичен.

Што се однесува до научно-фантастичен е тоа е веќе нешто друго. Ќе наведам два познати примери, „Војна на ѕвездите“ и „Ѕвездени патеки“. Двете вклучуваат фантастика од типот - вонземјани, односно самиот збор научно , ни укажува дека станува збор за некои работи како летала, оружја и сл., но и покрај овие предмети сепак станува збор за нешто натприродно, невистинито, измислено, фиктивно! Тоа е разликата. Е сега постои и збор фантазиски/о/а, го имам сретнато во некои весници, но не знам колку е литературен во смисол дали воопшто постои ваков збор. Тоа е во главно моето објаснување. Што значи романов кој чисто вклучува елементи од типот на магија, волшебства, магепснички предмети и сл. е чисто фантстичен роман, а не научно-фантастичен. --Макс(разговор) 12:18, 11 август 2009 (UTC)