Разговор:Верверици

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Еднина vs. множина[уреди извор]

Не знам зошто насловот на статијата е ставен во множина. Според мене логично би било да биде во еднина -> Верверица. Сметам дека треба да се размисли истата да биде преместена со таков назив. Поздрав. -- Ajta (разговор) 19:22, 27 јуни 2011 (CEST)

Во „Зоологија на ‘рбетните животни“ од Александар Димовски, сите групи животни се именувани во множина, веројатно бидејќи поголем дел од користената литература е од руско потекло, а Русите постапуваат на овој начин (именуваат статии / таксони во множина). Сметам дека не треба да ја копираме англиската Википедија, туку да ги именуваме статиите како што е веќе установено кај нас. -- Бојан имаш за кажување? 19:36, 27 јуни 2011 (CEST) Освен тоа, постојат групи (оваа не баш типичен пример) кај кои на пример, името на фамилијата на латински е Spalacidae (фам. на слепи кучиња), а основниот род на фамилијата е Spalax (слепо куче). Е сега, не можеме ние на македонски да ја преведеме и фамилијата, и родот како слепо куче, мора да се разликуваат. -- Бојан имаш за кажување? 19:39, 27 јуни 2011 (CEST)
Од ова произлегува дека наместо Коњ насловот на статијата би бил Коњи; Овца -> Овци; Жаба -> Жаби итн. Сепак, доколку е општоприфатено да бидат именувани како Верверици така и нека биде. Јас само се обидов гласно да размислувам. Ги почитувам туѓите ставови и подготвен сум да ги прифатам. Поздрав. Ajta (разговор) 19:54, 27 јуни 2011 (CEST)
Сепак, бидејќи се работи за фамилија животни, поисправно би било да се именуваат во множина: копитари, глодари, влекачи итн. -- Ajta (разговор) 20:02, 27 јуни 2011 (CEST)
Проблемот е што во нашиот јазик нема соодветни наставки и правила за биолошката номенклатура како што тоа е во латинскиот јазик. На пример, за фамилија животни постои наставката -idae (пример, за фам. на верверици → Sciuridae). Затоа и произлегуваат овие чести дебати по ова прашање. Тоа е моето мислење. Поздрав. -- Бојан имаш за кажување? 20:16, 27 јуни 2011 (CEST)