Разговор:Великите Бугари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Дали заслужува внимание?[уреди извор]

Оваа статија, исто како и емисијата за која зборува, може да е интересна за бугарските читатели (граѓаните на Р.Б.), но не верувам дека таа има значење за луѓето надвор од Р. Бугарија. Каде би отишле кога би правеле статии за сите емисии на сите телевизиски станици во светот!?

Освен тоа, статијата/ емисијата е уште еден обид за себедокажување на малиот бугарски народ како голем и славен со долга историја. И верзиите на другите јазици се создадени од Бугари, зашто никој друг не се интересира за вакви емисии. Затоа, освен емоционалното, статијата/емисијата нема никакво друго значење, посебно не за македонската читателска публика. Предлагам нејзино бришење. EvLa (разговор) 08:58, 29 декември 2009 (UTC)

Бидејќи темата ги поминала строгите критеруими на англиската Википедија, претпоставувам дека е доволно значајна за енциклопедиска статија и овде. Секако, доколку во некоја понатамошна дискусија се утврди дека статијата не ги утврдува критериумите за значајност, може да се размислува за бришење. --FlavrSavr (разговор) 10:40, 29 декември 2009 (UTC)
Мислам дека статијата има енциклопедиска содржина, содржи корисни информации и истата треба да остане на Википедија. Речиси во сите земји има вакви телевизиски емисии за најзначајни личности од таа земја. И покрај тоа што содржината на статијта можеби е навредлива за голем дел од нас, мислам дека не е во ред статијата да се избрише.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:17, 29 декември 2009 (UTC)
На англиската никој освен бугарите не ја гледа статијата и мислам треба да се брише. Ако одиме така, треба да направиме листа на 100 највлијателни Македонци според емисијата Вртелешка на Весна Петрушевска. Далеку од енциклопедиска содржина.--Никола Стоіаноски 15:03, 29 декември 2009 (UTC)
На Википедија на англиски постои овој шаблон, кој содржи врски кон статии за слични телевизиски емисии во другите земји. Се сеќавам добро на изборот за најголема личност во историјата на Русија. Целиот настан беше организиран од страна на Владата на Русија, а имаше телефонско гласање за најголема личност во историјата на Русија. Претпоставувам дека било слично и во другите земји, па и во Бугарија. Не сакам од ова да настане конфликт на Википедија на македонски јазик, но на Википедија постојат многу поспорни статии од оваа, како што е статијата за 100 најдобри актери и актерки според американскиот филмски институт. Мислам дека статијата не е за бришење и има енциклопедиска содржина и поради тоа што таа претставува телевизиска емисија како што се и Oперација Триумф, Кој сака да биде милионер? и други, за кои има статии на Википедја. Можеби содржината во статијата не е соодветна за Македонците, но истата е енциклопедиска.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:40, 31 декември 2009 (UTC)