Разговор:Васил Ивановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Имав додаено дека во 1944-1945 г. Васил Ивановски се спротиставува на просрпската и антибугарската политика на Лазар Колишевски при создавањето на македонскиот литературен јазик и азбука. Беше избришано "антибугарска" со аргумент дека "Спротиставувањето за азбуката не било од „бугарски причини“. Вероjатно е така, но jас не тврдам дека имало „бугарски причини“, а само дека В.И. бил против антибугарската политика на Лазар Колишевски и сие. Всушност станува збор не само за политиката при создавање на азбуката и јазикот. Еве еден дел од напишаното од самиот Васил Ивановски во писмо до Г.Димитров и Васил Коларов (01.12.1945, БКП, Коминтернът и Македонският въпрос (1917-1946). Документи, т.ІІ, издава Главно управление на архивите, София 1999, с. 1246-1248):

"се работи за силување и промена на народностниот карактер на македонците како нациjа: сакаат да jа направат македонската нациjа поблиска до Србите, иаку во тоj смисол и поради некои историjски врски, таа е многу поблиско до Бугарите".
"Во федерална Македониjа не можат да се наjдат и купаат бугарски весници; во Скопjе не е доаѓал ниту еден уметник од Бугариjа, додека сите други федерални единици на Jугославија не едаш биле посетени од бугарски претставници на уметноста. Со тоа се обjаснува воведувањето на една азбука коjа не одговара на македонскиот говорим jазик..."
"Карактеристично е дека упорно се избегнуваат наjубавите руски зборови, само затоа што бугарите се сетиле пред нас да ги воведат во своjот литературен jазик. Всушност бегаjки од влиjанието на бугарската култура, тие практично го одалечуваат македонскиот народ од благотворното влиjание на наjбогата, наjпрогресивната култура - руската советска култура"
"Кога зборувам за раководните другари во Македониjа, тие многу ме подсеќат за нашите (на БКП - бел. А.К.) левосектанти од 1925-1935..."
"На него (Венко Марковски - бел А.К.) исто така му се лутеа многу затоа што jа воспеал бугарската партиjа во "Орлицата". И тајно создават настроенија против него..."
"Во однос на емиграциjата во Бугарија во потполност се одрекува нејзината ролја..."
"А народот, на народот му е настанала прва мечта сега влегувањето на Бугариjа во федерациjата, убеден дека тогаш нема да биде како што е сега".

Така да jас не тврдам дека причините биле бугарски, но сметам дека е jасно дека Васил Ивановски бил против антибугарската политика на новите управници во Вардарска Македониjа.--Антон 16:07, 7 септември 2007 (UTC)

НО, АТНОНЕ, ТОА ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ НЕ ГО ПРАВИ НЕГО БУГАРИН И БОРЕЦ ЗА БУГАРСКОТО И БУГАРСКАТА КАУЗА ВО МАКЕДОНИЈА И ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ ТОА НЕ ЗНАЧИ ДЕКА ЗА НЕГО „ЦАР КАРАН БИЛ ПРВИ БУГАРО-МАКЕДОНСКИ ЦАР“ И СЛИЧНИ ГЛУПОСТИ! - Македонец 01:29, 8 септември 2007 (UTC)

Знаеш дека "глупостите" за цар Каран ги напишал друг. За мене Васил Ивановски е интересен со друго - влиjанието на партиjата (БКП) и неjзините директиви (и тие на Коминтерна) врз комунистичките интелектуалци од Македониjа и промената на нивните ставови - во почетокот на 30-те год. на ХХ век, а потоа во почетокот на 50-те години. Има и други примери освен В.И.--Антон 16:39, 8 септември 2007 (UTC)

Гневен сум што за секој македонски деец и патриот мора да имплицирате дека тој всушност бил бугарин и се борел за бугарското и слични глупости од вашиот голем асортиман! Е ПРЕКУ ГЛАВА МИ Е ОД ВАШИТЕ ГЛУПОСТИ, И МИ СЕ ПОВРАЌА ОД ВАШИТЕ ГЛУПОСТИ! ЗНАЕШ ШТО, ТИ ПОСТИГНА МНОГУ СО ТВОЕТО БУГАРЧЕЊЕ ТУКА! МНОГУ ПОСТИГНА, ВО МЕНЕ НЕМАШЕ ОМРАЗА И НЕТРПЕЛИВОСТ СПРЕМА БУГАРИТЕ ДО СЕГА, АМА ТИ УБАВО ЈА РАСПАЛИ ТАКА ШТО, СЕГА ПРИЗНАВАМ ЈАВНО ДЕКА ГИ МРАЗАМ СИТЕ БУГАРИ И ОСТАНАТИ НЕПРИЈАТЕЛИ НА МАКЕДОНИЈА! БЕЗ РАЗЛИКА ШТО ЌЕ ТРЕСКАТЕ ГЛУПОСТИ ЗА КРСТЕ МИСИРКОВ, ВАСИЛ ИВАНОВСКИ (ДЕКА ПИШУВАЛЕ ПОД ДИРЕКТИВА НА КОМУНИСТИТЕ) НИВНИТЕ ЗБОРОВИ СЕ НЕИЗБРИШЛИВИ И НЕМА НИКОГАШ ДА ГИ УНИШИТЕТЕ ИЛИ ПРЕИНАЧИТЕ! ТИЕ ГО СВЕДОЧАТ НАШЕТО МАКЕДОНСТВО И СЕ ВЕЧНИ, НЕМА ДА ГИ ЗАСЕНИТЕ СО НИШТО! ДОЛУ НЕПРИЈАТЕЛИТЕ НА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ, ДА ЖИВЕАТ МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ!!! НИЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ, БУГАРИ ПУКНЕТЕ ОД МАКА ПОРАДИ ТОА!!!! - Македонец 17:59, 8 септември 2007 (UTC)

Нели знаеш дека секоjа игра си ги има своите правила. Ако имаш проблем во играта, не ги мрази опонентите. Жал ми е дека кога се залагам аргументирано за вистината и НТГ распалувам во тебе омраза. Мислев дека омразата се распалува кога некој брише без аргументи и навредува. Има ги такви и од РБ и од РМ.Поздрав од еден намразен од тебе Македонец,--Антон 19:52, 8 септември 2007 (UTC)

Последново не ти го разбрав (очигледно не разбирам бугарски),јас Македонци не мразам, тие се моите најпочитувани и најсакани браќа, а ти си Бугарин. Каков е твојот "етнически произход"? "Блгарски" така? Епа тогаш братче ти си Бугарин, што значи не се мој брат и не си Македонец во етничка смисла, каков што сум јас! Или можеби ти се сметаш по потекло географски Македонец што не ти го оспорувам тоа право, како што јас не сакам вие бугарите да ми го оспорувате мене правото етнички и национално да се чувствувам и сметам за МАКЕДОНЕЦ, бидејќи сум таков. Да се вратам за В.Ивановски, твоите „грандиозни факти“ за неговата „борба за бугаризмот и бранење на бугарската кауза“ НЕМА НИКОГАШ, АМА БАШ НИКОГАШ ДА ГИ ЗАСЕНАТ НЕГОВИТЕ ЗБОРОВИ ИСКАЖАНИ ЗА МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА САМОБИТНОСТ ВО СТАТИЈАТА „ЗОШТО НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ СМЕ ПОСЕБНА НАЦИЈА“! Инаку што се однесува и мене ми одговара МАКЕДОНИЈА да има азбука налик на старословенската какви што имаат Русија, Украина и вие во БУГАРИЈА, па кажи ми ти дали тоа е карактеристика на мојата „бугарска“ потсвест? Ајде биди поздравен, и се додека не се чувствуваш ЕТНИЧКИ (НАЦИОНАЛНО) како МАКЕДОНЕЦ, знај дека јас и ти не сме „браќа“. Поздрав, Европеецу! - Македонец 20:06, 8 септември 2007 (UTC)

И што е најважно, јас не ги мразам противниците (опоненти е латинизам) во оваа „игра“, туку ги мразам противниците кои упорно ја злоупотребуваат оваа игра! - Македонец 20:11, 8 септември 2007 (UTC)

Последново беше јасно и ти добро го разбра - го докажа со твоите зборови, кои следеа. Не ти го оспорувам правото да бидеш етнички Македонец, но не те сметам за повеќе Македонец од мене. Мојот род Кецкарови е познат за тие што се интересираат за историјата на Македонија. Да повторам јасно - Не сум Македонец во етничка смисла, но сум Македонец - како што се били претците мои и повеќето од нашите преродбеници. Мислиме различно со тебе, имаме различна свест, но "крвта" и културата ни се исти. Затоа, не само поради правилата во Википедија, јас никогаш не можам да кажам дека ги мразам Македонците во било кој смисол. Може да ги мразам пропагандата и идеологизирањето на минатото, но не и луѓето.
Не ми ставаj во устата зборови кои не сум ги кажал (напишал). Каде виде при В.Ивановски „борба за бугаризмот и бранење на бугарската кауза“? Ако ти беше човек, коj сака да разговара можеше да продолжиме темата за В.И. и комунистичките дејци како него и секој до нас да научи нешто ново без да си го менува мислењето.
Ако навистина мислиш дека злоупотребувам со правилата на В., биди поточен.--Антон 20:40, 8 септември 2007 (UTC)