Разговор:Бугарско тајно револуционерно братство

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

фашизоидно однесување[уреди извор]

Етногенезата на секој народ е многу сложен процес за да може да се објасни во неколку реченици. Она што мора јасно да се каже е методолошкиот пристап во изучувањето на ова прашање. Имено, во минатиот систем се негираше дека има некаква врска меѓу античките и денешните Македонци додека пак сега, поради конјуктурност, се оди во друга крајност и се става знак на еднаквост меѓу нив. Се разбира дека ни едното ни другото не е точно затоа што нема чисти народи. Затоа што народите се создаваат со мешање и испреплетување на повеќе компоненти што се претопуваат. Затоа, тие компоненти не може да се бараат нити да се идентификуваат со нивниот првобитен лик зошто не се повеќе тоа што биле туку се преобразиле во нешто друго и поинакво. За да му биде јасно секому, тоа е исто како да се обидете да ја одделите жолчката од белката, откако ќе направите кајгана!. Тие што се обидуваат да го прават тоа, а за жал меѓу нив има и професионалци, покажуваат елементарно непознавање на процесот на етногенезата. Одговорот на тоа кој се живеел во Македонија зависи од периодот: сигурно дека жителите во старото камено време не се истите со оние во античкиот период и од средновековието, а уште помалку со оние од последниве векови и поврзувањето на палеолитските луѓе со денешниве не само што е смешно и нарцисоидно (ние сме стари, односно најстари) туку е и опасно, зашто води кон фашизоидно однесување.


Нема наука кога има “интелектуална проституција”--Еден Македонец 04:15, 24 март 2010 (UTC)

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • филизоф* во философ*, с наместо з, правописна грешка.
  • не може наместо неможе, разлеани зборови.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 08:50, 7 август 2010 (CEST), управуван од Brest.[одговори]