Разговор:Брдски топ 75мм Шкода М.28

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Зошто ознаките на мерните единици се сменети во кирилица? Овие ознаки се дел од SI и, како такви, не подлежат на „национализација“, т.е. ознаките не се преведуваат/транслитерираат. Сметам дека треба да се третираат како лого, а не како букви. Тој принцип се запазува и на училиште на предавањата по физика, хемија и разни технички предмети. Барем така беше кога одев на училиште. Има некоја промена во тој поглед? Не сум го читал самиот стандард/стандарди, но англиската википедија http://en.wikipedia.org/wiki/System_International#Unit_symbols_and_the_values_of_quantities вели дека иако имињата на единиците имаат јазично специфични форми, ознаките се непроменливи низ јазиците. Впрочем, и македонската википедија го применува истото на својата страница http://mk.wikipedia.org/wiki/Меѓународен_систем_на_мерни_единици. Молам образложение. Mice (разговор) 10:30, 26 октомври 2013 (CEST)[одговори]