Разговор:Благоја Дрнков

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Please see m:Благоја_Дрнков and merge! Thanks, Sj (разговор) 17:26, 9 април 2009 (UTC)

From Meta wiki[уреди извор]

The following is taken from a page (http://meta.wikimedia.org/wiki/Благоја_Дрнков) on Meta-wiki. It should be merged with this article and has been deleted on Meta. Anonymous Dissident (разговор) 06:28, 5 мај 2009 (UTC)

Дрнков Благоја(Скопје,1914 - )
Доајен на македонската документаристика и неприкосновен уметник во фотографското мајсторство. Уште како ученик започнува да се занимава со фотографирање. По завршување на средното образование, се вработува во фотографскиот дуќан „Фотоаматер“, кога и ја купува својата прва филмска 9,5 мм камера и сопствен кинопроектор, а од 1940 година станува сопственик на „Фотоаматер“. Во 1935 г. го прави својот прв филм. Во 1945 година е именуван за прв директор на Филмската дирекција на Македонија ФИДИМА и прв дописник на Филмски новости од Македонија. Во овој период има снимено голем број филмски записи за животот на неговото семејство како и филмски записи значајни по својата општествено-историска вредност. Седум месеци во текот на 1947/48 година, Дрнков престојува во Чехословачка, каде што специјализира во студијата „Барандов“. Во „Вардар филм“ работи до 1953 година, а потоа преминува во Етнолошкиот музеј како фотограф, снимател и режисер на етнолошки филмови. Од 1957 до 1960 година повторно работи во „Вардар филм“. Од 1960 до 1964 е фотограф и снимател во Извршниот совет, а од 1964 до пензионирањето во 1969 г. е режисер во Телевизија Скопје на документарни филмови и телевизиски серии. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои: награди на Телевизискиот фестивал во Блед за телевизиските серии ПРСТИ /посветена на старите занаети/ и СВИЛЕНА БУБА, републичката награда 11 Октомври за животно дело (1994). 1950 Одликување со Указ на Владата на НРМ / „Радосно детство“ 1950 Медал на трудот, од Президиумот на Народното Собрание на ФНРЈ 1965 Специјално признание од Филмските новости по повод 20 години постоење 1973 Орден на трудот со златен венец со Указ на Претседателот на СФРЈ 1994 Награда за 11 Октомври за животно дело

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • Податотека наместо Image, вики клучни зборови на македонски.
  • септември име на месец со кое не почнува реченица, со мала буква.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 13:04, 25 јули 2009 (UTC), управуван од Brest.