Разговор:Битка кај Термопилите

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа статија е дел од ВикиПроектот Историја, кој има за цел да креира детален историски водич на Википедија. Ако сакате да земете учество во проектот, може да ја уредите оваа статија, или да прочитате нешто повеќе на страницата на проектот, каде што меѓу другото може да се приклучите на проектниот тим и/или да дадете свој придонес на страницата за разговор.

Може да престанете сите со инатење и да менувате факти? Термопили е зборен назив (множина) на локалитет кој се однесува на извори со топла вода. Географски поими кои се описни и во множина се членуваат, види Антилите, Дарданелите, Плитвичките езера и сл. Од кога е Термопилска битка? Дали знаете што значи тоа? Битката не е сопственост на локалитетот па да се вика така, туку битката се водела на тоа место. Има разлика, затоа и грчкото име е со предлог „на“, не е со τηΣ. Ќе ве замолам за прекин на овие банални работи. --Никола Стоіаноски 19:09, 5 јануари 2018 (CET)[одговори]

Никој не оспорува дека постојат случаи кога е дозволено образување на збирна множина. Проблемот беше со насловот „Битка на Термопилите“, во кој предлогот „на“ пред членувама именка повеќе доликува на предлог за изразување присвојност отколку за одредување местоположба. Насловот „Битка кај Термопилите“ е далеку поприфатлив наслов затоа што предлогот „кај“ јасно изразува одредување местоположба. Насловот „Термопилска битка“ е целосно прифатлив по примерот на „Беласичка битка“.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:05, 5 јануари 2018 (CET)[одговори]
„кај“ е поприфатлив и за мене.Поздрав.--Никола Стоіаноски 20:08, 5 јануари 2018 (CET)[одговори]