Разговор:Битка кај Херонеја

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

По победата на Филип над Грчките полиси, тие влегле во составот на Македонија, и биле третирани еднакво. Имало генерали Грци во армијата, управници Грци во новозаземените територии во Азија, и.т.н.

Да но како што знам, Грците не биле робови, но сепак биле во подредена положба на Македонија. Исто така кога Александар Македонски дошол на власт, во Теба било подигнато востание против него. - Марио Шаревски - Македонец 14:03, 19 ноември 2007 (UTC)

Филип се објавува за обединувач на грчкото племе, и на грчките полиси - и како таков ветува дека сите Грци ќе имаат еднакви права. Тој поставува Грци за команданти и генерали во армијата, за управници на новите територии. А Александар пак, го шири елинизмот низ целата запоседната терторија. --Revizionist 14:14, 19 ноември 2007 (UTC)
Се објавува, како што и Григор Прличев се обајвил за Бугарин. Дали преку склучениот мир наредната зима, ги изедналува грците со Македонците? А освен тоа во Персиската војска се бореле и 30,000 грци, а Александар Македонски не ја шири хеленската туку хеленистичката цивилизација (има разлика). - Марио Шаревски - Македонец 14:16, 19 ноември 2007 (UTC)
Нема никаква разлика межу елинизам (хеленизам) и елинистичка (хеленисктичка) култура. Тоа е едно и исто. П.С. Твоите претци се бора против тој елинизам што Александар го ширел.--Revizionist 14:22, 19 ноември 2007 (UTC)
Има хеленска е грчка, а хеленистичка е грчка, македонска и египетска, барем според мојата поранешна професорка по историја. Од кај ги знаеш ти моите предци, кои биле и против кого се бореле. Прво од кај знаеш ти од каде се моите предци. Моите најдалечни предци (според баба ми - на татко ми мајка) со најголема сигурност (99,95%) се знае дека не биле дојдени од зад Карпатите и Украина. Да не ми го знаеш ти случајно моето родословно дрво, па да знаеш против кого се бореле моите предци. - Марио Шаревски - Македонец 14:27, 19 ноември 2007 (UTC)
Добро, не банализирај - поенатат беше дека Ние Македонците сме се бореле против елинизмот кој бил наметнуван од страна на грчката духовна, просветна и вооружена пропаганда. А Александар го ширел елинизмот, грчкиот јазик, култура.--Revizionist 14:31, 19 ноември 2007 (UTC)
Точно е дека во 19 и 20 век, Македонците се бореа против грчката пропаганда, која дури преку своите андарти вршела и колежи врз Македонците. А инаку ако кажуваш веќе со предци кажувај за твоите ако се од зад Карпатите, зашто нели сепак нашата наука официјално признава дека разните антрополошки и генетски истражувања, коишто констатираат само 20-25% словенски гени, додека останатите 75% ги оквалифилкуваат како генетски материјал од народите што ја населувале Македонија пред доаѓањето на Словените. Што значи дека 75% од нашите гени не се задкарпатски. Затоа да не се расправаме, нема потреба да навлегуваме во лични ставови и сфаќања, ти си си Словенин јас сум си Македонец со античко потекло и готово. Нема потреби од расправање. - Марио Шаревски - Македонец 14:36, 19 ноември 2007 (UTC)
Не навредувај, јас сум Македонец. Но потеклото ми е словенско, и мојот народ е дел од словенската група на анроди. А сега да се вратиме на разговорот. Барам референци за ова што си го допишал. Сајтот што си го навел како референца не зборува за статусот на Грците откако биле покорени од Македоните, а уште помалку зборува за одредби од мировниот договор. П.С. во сајтот не ословуваат како FYROM - страна 1. --Revizionist 14:41, 19 ноември 2007 (UTC)
Прво, убаво разгледај ја историјата на страницата и не се возбудувај многу. Наведов фуснота за договорот од книгата „Историја на Аргеадите“ од проф. др. Наде Проева (професор на Филозофски факултет), а сајтот го има наведено некој друг, а не јас. - Марио Шаревски - Македонец 14:48, 19 ноември 2007 (UTC)
ОК, така сум согласен, сега кога стои правилната референца е ОК. Јас го додадов податокот за обединување на Грците во една држава од Филип, и ширењето на елинизмот од страна на Александар. Поздрав --Revizionist 14:58, 19 ноември 2007 (UTC)
Првиот податок ти е во ред, но вториот за Александар ти е малку претенциозен за да докажеш дека античките Македонци биле грци. Но поради добрата волја од моја страна, за да нема расправии, нека стои. - Марио Шаревски - Македонец 15:00, 19 ноември 2007 (UTC)
Никаде не сум напишал дека биле Грци. А за тоа дека ширеле елинизам, ќе дадам референци. Тоа е општо познат факт. Сите артефакти од тоа време се на Грчки. Сите натписи во Пела и во градовите создадени од Александар се на грчки. --Revizionist 15:07, 19 ноември 2007 (UTC)
Од Александар се на грчки, точно тој и самиот бил полу-грк. Но знај дека и договорот е општо познат факт и ќе го бришам тоа се бара факт, зашто на истата страница во книгата на Наде Проева има слика со два фрагменти од договорот (што значи дека постоел) -- Марио Шаревски - Македонец 15:10, 19 ноември 2007 (UTC)
Сакав да речам за ограниченоста во слободата на грците. Таму во книгата на Наде Проева се наведени и фусноти. - Марио Шаревски - Македонец 15:12, 19 ноември 2007 (UTC)

ОК. Штом има референца, нема проблем. --Revizionist 22:02, 19 ноември 2007 (UTC)

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • Податотека наместо Image, вики клучни зборови на македонски.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 16:07, 6 август 2010 (CEST), управуван од Brest.[одговори]