Разговор:Барут

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Преименување на статијата[уреди извор]

Од содржината се гледа дека статијава се занимава само со еден вид барут, и тоа со нештото познато како „црн барут“. Постојат и други видови барут, коишто не се третирани тука. Заради прецизност предлагам статијава да се преименува во „Црн барут“. Со тоа ќе се отвори простор и за статии како „Бездимен барут“, „Нитроцелулозен барут“, „Ракетен барут“ итн. Во оваа концепција има место и за статија со име „Барут“. Таа би требало да содржи информации коишто се заеднички за сите видови барути.

За преименување на статија треба некоја привилегија, т.е. тоа е недостапно за обични смртници, нели? Mice (разговор) 18:33, 26 октомври 2010 (CEST)[одговори]

Мислам дека најмалиот проблем е да се премести статијата. Ова може да го направи секој корисник (оди на премести), но доколку се создадат сите статии кои ги пишуваш погоре, би било убаво дел од нивниот текст да се најде на главната статија за барут. --Тиверополник (разговор) 19:01, 26 октомври 2010 (CEST)[одговори]