Разговор:Александар Белов (пејач)

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа статија е дел од ВикиПроект Македонија, чии цели се создавање стандардизиран, информативен и лесен за користење извор за Македонија. Ако сакате да земете учествувате во овој проект, ве молиме посетете ја страната на проектот, каде можете да се приклучите на проектната екипа.

Дискусија за релевантност[уреди извор]

Оваа дискусија ја започнувам како резултат на еден претходен разговор (можеби со малку повеќе емоционален набој од што е потребно!). Станува збор за еден феномен на македонската Википедија - имено појавата на текстови за млади македонски писатели чија значајност за македонската литература допрва треба да се оценува. Да не бидам разбан погрешно, најмалку што сакам е да изигруваме полиција и да цензурираме (само напред со писателските набои!), меѓутоа треба да се постават некои линии - Википедија не е блог, а најмалку е средство за самопромоција. Значи, во недостиг на соодветна македонска Википолитика по ова прашање (види на што целам), веројатно најдобро е, сега за сега, да одиме случај по случај и да оцениме дали соодветна личност е "достојна" за енциклопедиска статија. Се надевам дека на крај ова ќе прерасне во некој поширок консензус околу критериумите за релевантност (на пр. дали е доволно некој што направил една изложба да има статија како македонски уметник? и сл.). Ова е особено битно зошто во Македонија и нема некои цврсти критички авторитети кои што кажуваат што е значајно, а што не за културниот живот во земјава. --FlavrSavr (разговор) 19:36, 8 декември 2008 (UTC)

Александар Белов[уреди извор]

Очигледно дека се работи за своевидна популарна фигура. Резултатите на Гугл го потврдуваат ова. На англиската Википедија има многу статии за популарните протагонисти во реалните шоуа... Мислам дека статијата треба да остане, иако тажно е што многу побитни теми се изоставени во македонската Википедија. Мислења? --FlavrSavr (разговор) 19:45, 8 декември 2008 (UTC)

Нема потреба од бришење, доволно е популарен во Македонија и екс ју просторите а и башка доволно референци ставив. Нема потреба од манипулирање со статиите.-- MacedonianBoy  Oui? 21:09, 8 декември 2008 (UTC)

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • којшто наместо кој што, одделни зборови.
  • февруари име на месец со кое не почнува реченица, со мала буква.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 07:09, 25 јули 2009 (UTC), управуван од Brest.

СЛиките[уреди извор]

Сега за сега ја тргнав галеријата од статијата бидејќи според колегите од Комонс ќе треба да се бришат. Во случај да не му ги избришат, јас ќе ги вратам на статијата. Поздрав --Никола Стоіаноски 21:28, 15 мај 2010 (UTC)

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • Наводи наместо Референци, англизам.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 16:43, 1 јуни 2010 (CEST), управуван од Brest.[одговори]

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • меѓународен наместо интернационален, непотребен интернационализам.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 11:28, 6 август 2010 (CEST), управуван од Brest.[одговори]