Разговор:Автопат А1 (Македонија)

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Промена на ознаките[уреди извор]

Дали ќе може да се избврши промена на ознаките на автопатот (воедно и имињата) на другите јазици на википедија бидејќи М1-М6 е стара класификација на патиштата во Македонија? AStyle (разговор) 10:51, 11 мај 2016 (CEST)[одговори]

@AStyle: Само што сакав и јас да ти посочам да се снајдеш на таков начин, да употребиш некоја слична ознака од друга земја. Инаку, да, треба да се промени, ако имаш време слободно менувај, па дури и може и посебни статии за сите патишта. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 13:54, 12 мај 2016 (CEST)[одговори]

Проблемот е нивното именување. На пример патот А2 (Ќафасан-Струга-Кичево-Гостивар-Тетово-Скопје-Куманово-Деве Баир се вика Мајка Тереза. Ок. Проблемот е зборот автопат. Автопат е само Скопје-Тетово-Гостивар. Имам два предлози за именување на патиштата.

  • долго име (Државен пат А1 „Александар Македонски“)
  • ознака+име (А1 „Александар Македонски“) - Без притоа да се спомнуваат термини како автопат

Јас сум за второто. Без "автопат/магистрала/регионален пат). Мислење? Инаку не е проблем да се напишат статии со основни податоци за патиштата. AStyle (разговор) 17:15, 12 мај 2016 (CEST)[одговори]

И јас сум за второто решение. Останатите патишта без имиња можат да гласат, А3 (Македонија) :) --Ehrlich91 (разговор) 18:01, 12 мај 2016 (CEST)[одговори]
Согласен сум со второто решение. --Б. Јанкулоски (разговор) 18:11, 12 мај 2016 (CEST)[одговори]

Започнав со ова: Патишта во Македонија AStyle (разговор) 20:57, 12 мај 2016 (CEST)[одговори]