Разговор:Џорџ В. Буш

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

==Бришење на извори==

Колеги, ве молам да не се бришат релевантните извори од македонските книги во кои се врши истражување на оваа проблематика. Ако Александар Донски за вас е сарказам, тогаш неговите извори воопшто не треба да фигурираат на Википедија. Relativefrequency (разговор) 22:54, 13 април 2009 (UTC)

Значи тоа е поентата - ти не оти си заинтересиран за таа тематика и не оти сакаш да придонесеш за развојот на мк Википедија - туку избра малку подруг начин за да им докажеш на одредени корисници за Александар Донски, кој, верувам, од дното на душата го мразиш и сиот гнев би го истурил на него. Со ова ја продолжуваш непотребната серија на флејмови. Колеги, ќе ве молам, олабавете малку со бугарштината на Македонија и придонесете за развитокот на оваа енциклопедија на други теми - на пример, електроинженерство. Поздрав, Boyan (разговор) 23:02, 13 април 2009 (UTC)

Џорџ Буш е светска личност, познат е на 95% од популацијата на планетата Земја, и вакви оригинални истражувања се во најмала мерка - смешни. Единствено овие хипотези би можеле да го најдат своето место во статијата само доколку и самиот Буш не каже дека е потомок на античките Македонци, за што немам досега слушнато. Boyan (разговор) 23:05, 13 април 2009 (UTC)

Епа тоj и Рајко Жинзифов, како и стотици други (например Јордан Хаџи Константинов-Џинот) кажаа дека се Бугари, а овде ги пишувате Македонци. Изгледува дека за овие кои кажале дека се Бугари ова не важи, само ако некоj каже дека е Македонец. :) --Стан (разговор) 11:01, 14 април 2009 (UTC)
Без тресење глупости молам--MacedonianBoy 11:02, 14 април 2009 (UTC)
Колеги, ве молам да се фокусираме на дискусијата. Барам да се одговори на прашањето зошто беа избришани изворите кои беа наведени во статијата? Relativefrequency (разговор) 12:05, 14 април 2009 (UTC)

Мислам дека веќе ти одговорив. Ќе те молам, без психолошко-аналитички тактики. Boyan (разговор) 12:19, 14 април 2009 (UTC)