Разговор:Јужна патека (филм)

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
ВикиПроект Филм
Оваа статија е дел од ВикиПроект Филм, збир на волонтери и ресурси насочени кон зголемување на бројот и квалитетот на енциклопедиските статии на оваа тема. Ако сте заинтересирани за подобрување на овие теми, или сте заинтересирани за повеќе информации, погледнете ја проектната страница.
??? Оваа страница не е оценета според скалата за квалитет на проектот.

Ниту мене не ми е јасно што сака да каже авторот со оваа негова приказна или што и да е, што се однесува до мене, бришење --Simpleid 21:15, 2 август 2007 (UTC)

Изгледа не сте ја погледнале убаво статијата. На крајот има доста информации за филмот, што, ако се средат, ќе дадат убава статија. Не сум за бришење (но сигурно за средување!) Поречанец A? 15:19, 26 септември 2007 (UTC)

Текстот на оваа статија е целосно преземен од страницата на македонскиот информациски филмски центар, поради што претставува повреда на авторските права. Не знам, можеби би можеле да побараме дозвола од МИФК за користење на нивен текст, но сега за сега, страницава би требало да биде избришана. --Виктор Јованоски 13:23, 27 септември 2007 (UTC)

Страшно - сега забележав дека безмалку сите статии за македонски филмови се целосно преземени од соодветните рецензии на страницата на Македонскиот Информациски Филмски Центар. Навистина не е праведно да стојат тие статии сѐ уште на Википедија. Барем не додека не добиеме дозвола. Предложувам да ги избришеме сите статии за македонските филмови што се јасно копирани од оваа страница; во меѓувреме можеме да побараме дозвола од МИФК за користење на неколку нивни рецензии за соодветните филмови. Потоа би можеле и да конструираме подобри статии. --Виктор Јованоски 13:29, 27 септември 2007 (UTC)

Во тој случај, навистина не е во ред да стојат статиите ископирани. Но, не може ли да ги земеме само информациите и да ги ставиме во една корисничка кутија (режисер, година...)? Мислам дека тие информации се слободни, а текстот (значи, оригиналниот текст) на МИФЦ не смее да стои додека не добиеме дозвола (колку што знам јас барем). Сега ќе направам инфокутија, кажи дали е во ред. Исто така, има и една слика, плакат за филмот, и прилично сум сигурен дека смее да се користи на Википедија како плакат за филм. Веќе ја подигнав, ако не бива, се извинувам, избриши ја. А, уште нешто: зошто се вика статијава „Јужна патека (1982)“? Не треба само „Јужна патека“ или слично? Поречанец A? 15:12, 27 септември 2007 (UTC)
Одлична работа, Поречанец. Сега статијата е сосема добра. Ќе се обидам истото да го направам со другите македонски филмови, зашто, како што веќе спомнав, речиси сите се ископирани статии и речиси сите се преземени од МИФЦ. И потполно се согласувам за името - не знам друга статија што би се викала Јужна патека, за да има посебна напомена дека овој филм е од 1982 година.--Виктор Јованоски 16:09, 27 септември 2007 (UTC)