Разбојници (Шилер)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Разбојницидрама напишана во пет чина од страна на познатиот германски автор Шилер. За првпат драмата била изведена на 13 јануари 1782 година. Драмата добила многу позитивни критики од страна на публиката. Со оваа драма Шилер станал уште попознат меѓу народот.

Кратко за делото[уреди | уреди извор]

Темата на оваа драма е кавгата помеѓу Франц и Карл, поради сплетките на Францис. Идејата во делото е борбата помеѓу доброто и злото. Драмата е напишана во Германија при крајот на XVIII век.

Главни ликови[уреди | уреди извор]

  • Кралот - татко на Францис и Карл. Тој добро ги воспитал и ги сака своите деца. Во делото е претставен како слаб човек со кој може лесно да се манипулира.
  • Францис - помладиот брат на Карл. Љубоморен му е на неговиот брат, бидејќи тој е популарен од него и бидејќи татко му го сака повеќе Карл отколку него. Спремен е да стори сѐ за да стекне слава, да се збогати и за да биде заедно со Амелија.
  • Карл - постариот брат на Францис. Тој е сакан од страна на својот татко, но не и од својот брат. Поради околностите во кој се наоѓа, тој станува разбојник, но кај него може да го забележиме покајувањето поради неговите постапки. Ова ни укажува дека тој всушност има добра душа и дека е добар човек.

Познати преработки на делото[уреди | уреди извор]

Содржина[уреди | уреди извор]

Ова е приказна за двајца браќа, во која помладиот брат сака да му наштети на постариот сè со цел да го наследи целото богатство од својот татко. Најпрвин Францис му кажува на кралот дека неговиот постар син е разбојник и со тоа го замолува да го исфрли од своето кралство. Кралот му одговара дека не може тоа сам да го стори. Затоа Францис му пишува писмо на Карл во име на кралот, во кое пишува дека наводно кралот се откажува од него. По ова Карл е разочаран и решава да создаде разбојничка група. Со ова Францис успева да го прелаже Карл, па така сега му останува само кралот, неговиот татко. Така тој наговара непризнаен син на еден аристократ да му каже на кралот дека наводно Карл е мртов. Тој тоа го прави, па по ова кралот се онесвестува. Францис најпрвин мисли дека татко му е мртов, но откако тој се буди решава да го скрие во шумата. Така Францис го презема престолот. Карл по одредено време увидува дека тоа што го прави е лошо и решава да се врати во родното место. Го ослободува својот татко. Во меѓувреме Францис го губи својот живот. Карл сака да престане со разбојништвото и да му се врати на нормалниот живот, но разбојниците не му дозволуваат да го направи тоа бидејќи тие многупати до тогаш си го ризикувале животот за него. На крај драмата завршува трагично.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]