Радослав Хлапен
Изглед
| Радослав Хлапен | |
|---|---|
| Роден(а) | почеток на 14ти век |
| Починал(а) | помеѓу 1383 и 1385 Водоча |
| Сопруга | Ирина |
| Деца | |

Радослав Хлапен (14 в.) – благородник, војсководец на Стефан Душан, самостоен владетел во Југозападна Македонија, господар на Бер и на Воден со околните краеви. Се издигнал и се осамостоил по смртта на царот Стефан Душан (1355). Ги владеел териториите од Селечка Планина, на север, до границата на Тесалија, на југ, на запад до Костур, а на исток до реката Вардар. Одржувал добри односи со северните соседи, со кралот Волкашин и со син му Марко, кој бил негов зет, оженет со ќерка му Елена.
Семејство
[уреди | уреди извор]Радослав Хлапен се оженил со Ирина, вдовицата на кесарот Прељуб. Ги имале следниве деца:
- Марија Ангелина Радослава, се омажила за Алексиј Ангел Филантропен
- Елена, се омажила за Крал Марко
- непозната ќерка, се омажила за Никола Багаш
- непозната ќерка, се омажила за Јован Урош[1]
- Стефан
- ↑ Evans 1989, стр. 9.