Прејди на содржината

Радомир Лаловиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Радомир Лаловиќ
Роден(а)22 февруари 1933
Скопје, Вардарска Бановина, Кралство Југославија

Радомир Лаловиќ (Скопје, 22 февруари 1933 ) — македонски архитект.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Радомир Лаловиќ е роден во 1933 година во Скопје. Во 1960 година, тој дипломирал на архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Работи на проектирање разновидни згради, станбени и општествени. Поистакнати проекти на Лаловиќ се: Комплексот банки во Скопје (завршен 1970 година, во соработка со Олга Папеш);[1] Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп (1971); Комплексот банки и деловен центар и Стоковната куќа „Југохром“ во Струмица (1977);[2][3] Основното училиште „Моша Пијаде“ (денес ОУ „Св. Кирил и Методиј“) во Кочани (1968).[4][5]

  1. Трајаноски, Љубен. „Комплексот Банки – презентиран од проф. Георги Константиновски“. МАРХ.
  2. Ефремовски, Мартин. „Служба за општествено книговодство (СОК) филијала – Струмица / Лаловиќ“. МАРХ.
  3. Ефремовски, Мартин. „Стоковна куќа "Југопромет" – Струмица / Лаловиќ“. МАРХ.
  4. Ефремовски, Мартин. „ОУ "Кирил и Методиј" Кочани / Лаловиќ“. МАРХ.
  5. Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 788. ISBN 978-608-203-023-4.