Радован П. Цветковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Радован П. Цветковски
Роден/а3 септември 1931
Сопотница, Демирхисарско
Занимањепоет, есеист, литературен критичар, научен работник и професор
НационалностМакедонец

Радован П. Цветковски е роден на 3 септември 1931 година во село Сопотница, Демирхисарско.

Се има пројавено како поет, раскажувач, литературен критичар, писател за деца и млади, и фолклорист. Долго време бил во редакцијата на списанието „Развиток“ од Битола. Член е на Друштвото на писатели на Македонија, на Македонското научно друштво - Битола и на Друштвото на фолклористите на Македонија.[1] исто така, бил член на Советот на Собранието на Друштвото на писателите на Македонија и еден од покренувачите на манифестацијата „Тумбе Кафе - кафе песна“ од 2011 година. Соработувал со повеќе македонски и странски списанија и весници: Современост, Нова Македонија, Литературен збор, Раст, Стожер, Современи дијалози итн.[2]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Мишо Јузмески: „Пофални слова“ , Благоевград, 2006
  2. Цветковски, Радован П. (2018). Анегдотски кажувања. Скопје: Академски печат. стр. 570-571. ISBN 978-608-231-247-7.