Радмила Пашиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Радмила Пашиќ (с. Подгорци, Струшко, 27 ноември 1931) — македонски археолог[1].

Животопис[уреди | уреди извор]

Пашиќ е родена на 27 ноември 1931 година во струшкото село Подгорци. Дипломирала археологија на Филозофскиот факултет во Белград во 1956, додека магистрирала во 1981 година. Од 1956 година работела во Народниот музеј во Охрид, а потоа како кустос во Музејот на Македонија од 1963 до 1996 година. Вршела археолошки истражувања на повеќе наоѓалишта: Демир Капија, Сува Река, Милци, Дедели, Марвинци, Сопот, Виница, Нерези, Студеничани.

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Археолошка испитивања на локалитету „Орлова Чука“ код села Стар Караорман, „Старинар“, XXI, Београд, 1972, 129–134;
  • Праисторијска ископавања у Демир Капији, „Старинар“, XXVI, Београд, 1976, 155–158;
  • Железно време, Археолошка карта на Република Македонија, 1, Скопје, 1994, 62–79.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска енциклопедија. 1123. II (прво. изд.). МАНУ. ISBN 978-608-203-024-2 Проверете ја вредноста |isbn=: checksum (help).