Радмила Димитријевиќ-Јоксовиќ
Радмила Димитријевиќ-Јоксовиќ (7 јули 1925 во Урошевац — ) — учесник во НОВ на Македонија и носител на Партизанска споменица од 1941 година.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]
За член на СКОЈ била примена во 1941 година, а на КПЈ во 1943 година. Во заднината на НОД во Урошевац била ангажирана на организирањето нa младината како скоевски раководител и во работата на партиската техника која била сместена во нејзиниот дом. Тука престојувале илегалци и се одржувале илегални состаноци. Во март 1943 година се прилучила на Шарпланинскиот партизански одред, но наскоро била повлечена за работа во заднината. Веднаш по враќањето била затворена и била задржана неколку месеци в затвор, во април 1944 година повторно била уапсена. Била одведена во затворот во Приштина, а потоа во логор во Виена, Австрија, каде останала до 1945 година. Носител е на Партизанска споменица од 1941 година и повеќе други одликувања.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]![]() ![]() | Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |