Раденска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Раденска
Минерална вода на Раденска
ДржаваСловенија
Воведена1869; пред 154 години (1869)
ИзворРаденци
ВидМинерална вода
Калциум (Ca)220
Хлорид (Cl)44
Бикарбонат (HCO3)2000
Магнезиум (Mg)95
Калиум (K)70
Натриум (Na)400
Сулфат (SO4)72
Мрежна страницаwww.radenska.si
Сите концентрации во милиграми по литар (mg/L); pH без единици

Раденска (изворно на словенечки: Radenska) ― словенечки светски познат бренд на минерална вода, заштитен знак на стопанското друштво Раденска доо. Тој е еден од најстарите словенечки брендови.

Историја[уреди | уреди извор]

Д-р Карл Хен.

Развојот на стопанското друштво за минерална вода започнал во Раденци во 1869 година, кога Карл Хен, сопственик на земјиштето, ги наполнил првите шишиња минерална вода. До крајот на векот, друштвото продало над 1 милион шишиња.[1]

Во 1970 година, Раденска имала свое складиште во тогашното село Горно Лисиче, Скопско.[2]

Три срца[уреди | уреди извор]

Лименка „Раденска три срца“.

Брендот за минерална вода Раденска три срца (Раденска три срца) е во употреба од 1936 година. Дизајниран е во 1931 година од илустраторот Милко Бамбич. Според авторот, трите срца симболизирале три поранешни народи на Кралството Југославија: Србите, Хрватите и Словенците.[3]

Спонзорство[уреди | уреди извор]

Друштвото е насловен спонзор на велосипедистичката екипа во УЦИ Континентал, Љубљана Густо Сантик.[се бара извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Radenska through time“. www.radenska.si (англиски). Посетено на 15 октомври 2022.
  2. „Регистар на претпријатијата и дуќаните“ (PDF). Службен весник на Социјалистичка Република Македонија. 18 мај 1970. стр. 207. Архивирано (PDF) од изворникот 2023-09-02. Посетено на 3 септември 2023.
  3. Kavčič, Igor. Sitar, Iztok (3 November 2007). „Slovenski strip spet zeleni“ [Slovene Comic Strip Turns Green Again]. Gorenjski glas (словенечки). GG Plus. Архивирано од изворникот на 2 август 2012.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]