Работничка партија за марксистичко обединување

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Работничка партија за марксистичко обединување
Partido Obrero de Unificación Marxista
каталонски namePartit Obrer d'Unificació Marxista
ВодачХоакин Маурин (1935–1936)
Андеру Нин (1936–1937)
Хулијан Горкин (1937–1939)
Вилебалдо Солано (1947–1980)
Основана1935
Распуштена1980 (неофицијално)
Припоена конЛев блок за национално ослободување
Членови  (1936)~30,000-70,000[1][2]
Идеологијамарксизам
централистички марксизам
антисталинистичка левица
троцкизам
Политичка положбакрајна левичарска политика
Државна припадностНароден фронт
Политика на Шпанија
Политички партии
Избори

Работничка партија за марксистичко обединување (шпански: Partido Obrero de Unificación Marxista, каталонски: Partit Obrer d'Unificació Marxista) или позната под матичната кратенка ПОУМ била шпанска комунистичка политичка партија создадена за време на Втората Шпанска Република и воглавно била активна за време на Шпанската граѓанска војна. Партијата била создадена со спојување на троцкистичката Комунистичка левица на Шпанија и Работничкиот и земјоделски блок. Англискиот писател Џорџ Орвел бил активист на, односно служел во, партиската милиција и бил сведок на сталинистичката репресија врз движењето, настани кои му ги формирале неговите анти-тоталитарни ставови.[2]

Создавање[уреди | уреди извор]

Во 1935, ПОУМ била создадена како комунистичка опозиција на сталинистичката форма на комунизам која била промовирана од СССР, од револуционерите Андрес Нин и Хоакин Маурин. Нин бил под силно влијание на идеите на Леон Троцки, особено неговата теза за „постојана револуција“. Партијата се создала со спојување на Комунистичка левица на Шпанија и Работничкиот и земјоделски блок на Шпанија.

Позиција[уреди | уреди извор]

Партијата пораснала дури и поголема од официјалната Комунистичка партија на Шпанија, и во рамките на целата Шпанија и во Каталонија и Валенсија. ПОУМ била голем критичар на Народниот фронт на Шпанија и неговата стратегија режирана од Сталин и Коминтерната. Сепак, партијата учествувала во Шпанскиот народен фронт кој бил под иницијатива на Мануел Азања, лидер на Републиканската акција. ПОУМ се обидела да имплементира некои радијални политики како дел од Народниот фронт, но биле одбиени од централистичките фракции.

Џорџ Орвел, кој се борел во редовите на партиската милиција, изјавува дека членството на партијата било околу 10.000 во јули 1936 година, 70.000 во декември 1936 и 40.000 во јуни 1937 година. Сепак Орвел напоменува дека изворите на партијата можеби даваат претерани бројки.[2]

Меѓународни врски[уреди | уреди извор]

ПОУМ бил член на Лондонското Биро на социјалисти и централни марксисти, кои ги одбиле и реформизмот и Втората интернационала, како и про-московските ориентации на Третата интернационала.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. John Simkin. „The Workers Party of Marxist Unification (POUM)“. Посетено на 12 August 2014.
  2. 2,0 2,1 2,2 Orwell, George (1980). „V“. Homage To Catalonia. introd. by Lionel Trilling. New York, New York: Harcourt Brace & Company. стр. 60. ISBN 978-0-15-642117-1. OCLC 9517765. The figure for P.O.U.M. membership are given as: July 1936, 10,000; December 1936, 70,000; June 1937, 40,000.

Литература[уреди | уреди извор]

  • J.R. Campbell, Spain's 'Left' Critics. London: Communist Party of Great Britain, 1937.
  • Jesús Hernández, How the NKVD Framed the POUM. Excerpt from Yo Fui un Ministro de Stalin. Mexico City: G. del Toro, Mexico, 1974.
  • Alan Sennett, Revolutionary Marxism in Spain, 1930–1937. [2014] Chicago: Haymarket Books, 2015.
  • Wilebaldo Solano, The Spanish Revolution: The Life of Andreu Nin. Leeds: Independent Labour Party, 1974.
  • Victor Alba, Stephen Schwarz. Spanish Marxism and Soviet Communism, A History of the POUM in the Spanish Civil War, 2009.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]