Работничка милиција (Унгарија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Обележје на унгарската Работничка милиција
Лента за на рака на унгарската Работничка милиција

Работничка милиција (унгарски: Munkásőrség) — паравоена организација во Народна Република Унгарија од 1956 до 1989 година.

По задушувањето на Унгарската револуција од 1956 година, револуционерната работничко-селанска влада на 18 февруари 1957 година наредила создавање на „Работничка милиција“. Таа ги заменила специјалните полициски сили на револуционерниот режим (кархаталом познат и како пуфајкашок). Задача на темносиво униформираната и вооружена милиција била да ги брани средствата за производство. Службата била доброволна, но очигледно нудела одредени предности во кариерата. Почнала со 20.000 членови и постепено се развивала во голема вооружена сила (60.000), иако тие никогаш не биле распоредени.

Прв командир на оваа организација бил Лајош Халас (1957-1962), по него бил Арпад Пап (1962-1970), а последен бил Шандор Борбељ (1970-1989).

На 31 октомври 1989 година бил одржан референдум со прашањето: „Дали Работничката милиција треба да се распушти?“. Одговорот бил огромни 94,9% „Да“, резултат кој го потврдил претходно донесениот закон (1989 XXX.).