Работниот ден на Мејбел (филм од 1914)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Работниот ден на Мејбел (англиски: Mabel's Busy Day) - краток американски филм од 1914 година, во режија на Мек Сенет (Mack Sennett). Главните улоги ги играат: Чарли Чаплин, Мејбел Норманд (Mabel Normand) и Честер Конклин (Chester Conklin).[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Една продавачка на сендвичи (ја игра Норманд) му дава сендвич на полицаецот за да ја пушти на полигонот каде се одржува трка на автомобили. Истовремено, еден поднапиен човек (го игра Чаплин) се обидува да влезе без влезница, но полицаецот го сопира. Сепак, пијаницата успева да го истепа полицаецот и да влезе во полигонот, каде бесцелно шета и им пречи на гледачите. Девојката нема успех во продажбата, а кога еден од гледачите ѝ досадува, пијаницата ѝ доаѓа на помош, но потоа ѝ краде сендвич. Продавачката го повикува полицаецот, а во меѓувреме пијаницата го зема сандакот со сендвичи, преправајќи се дека ги продава, но гледачите му ги земаат сите сендвичи без да платат. Кога пристигнува девојката со полицаецот, настанува општа тепачка. На крајот, продавачката почнува да плаче од очај, а пијаницата ѝ се придружува.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]