РТК 2

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

РТК 2 (на албански: Radio Televizioni i Kosovës, на српски: Радио Телевизија Косова, Radio Televizija Kosova) е вториот канал на Радио Телевизија Косово. Започна со работа во јуни 2013 кога во Приштина беше свечано отворен од страна на американската амбасадорка во Косово, Трејси Ен Џекобсон. Таа оцени дека "со отворањето, овој канал ќе биде значаен за припадниците на сите нации на Косово, кои ќе ги добиваат информациите за свој јазик за вестите во земјата и светот како и активностите на косовските институции".

Програмата на каналот се емитува на српски, турски, бошњачки и ромски јазик, а отворањето на каналот беше предвидено со планот на Марти Ахтисари.