Институт за јавно здравје

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од РЗЗЗ)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Институт за јавно здравје
Rzzz logo.jpg
Лого на бирото
Податоци за органот
Основан 1924¹
Надлежност Влада на РМ
Седиште Скопје, Македонија Македонија
Вработени 179[1] (2016)
Раководител Др. Шабан Мемети
(директор)
Матичен орган Министерство за здравство
Ограноци 10 заводи, 5 сектори со 26 одделенија
Мрежно место
iph.mk
Белешки
¹Како Хигиенски завод

Институт за јавно здравје е институција на Република Македонија која има фунција заштита и превентива на населението од болести. Институтот е важна мултидисциплинарна, научна и наставна установа, која дејствува во областа на превентивната медицина во Македонија со тендеција да прерасне во референтна и меѓународно стручно призната институција.

Историја[уреди | уреди извор]

Бил формиран како Завод за тропски болести во Скопје, на 10 јануари 1925. Потоа бил преименуван како Хигиенски завод, чија функција била заштита и унапредување на здравјето на луѓето. Формиран бил под покровителство на д-р Andrija Štampar[2] и со учество на Рокфелеровата фондација во Скопје. Оваа медицинска установа од превентивен карактер дејствувала во услови кога главно обележје на националната патологија во тој период биле заразните болести.

Во времето на Втората светска војна постоел под името Областен хигиенски институт во Скопје (1941-1945), а потоа под името Бактериолошко-хемиски институт. Од 1953 година функционирал како Централен хигиенски завод - Скопје, а од 1962 е преименуван во Републички завод за здравствена заштита.

Во 2010 е преименуван во Институт за јавно здравје на Република Македонија.

Организациона структура[уреди | уреди извор]

РЗЗЗ првостепено е поделен на Регионални заводи и сектори.

Регионални заводи[уреди | уреди извор]

РЗЗЗ се состои од 10 општински заводи, со кои се опфаќа целата територија на Македонија:

  • ЗЗЗ Битола
  • ЗЗЗ Велес
  • ЗЗЗ Кочани
  • ЗЗЗ Куманово
  • ЗЗЗ Охрид
  • ЗЗЗ Прилеп
  • ЗЗЗ Скопје
  • ЗЗЗ Струмица
  • ЗЗЗ Тетово
  • ЗЗЗ Штип

Сектори[уреди | уреди извор]

РЗЗЗ има 5 сектори и тоа:

  • Сектор за епидемиологија и микробиологија кој ја води, ја обединува и координира епидемиолошко-микробиолошката дејност во републиката и укажува стручно-методолошка помош. Составен е од 5 одделенија:

1. одделение за заразни болести,

2. одделение за тропски и карантински заболувања и СИДА,

3. одделение за вирусологија,

4. одделение за бактериологија и

5. одделение за паразитологија

  • Сектор за хигиена и заштита на човековата околина кој претставува статутарно определена организационо-техничка единица на Републичкиот завод за здравствена заштита. Стручната активност на овој сектор претставува основна карика на националната политика во областа на превентивно-медицинската, пред се здравствено-еколошката дејност во Македонија. Функционирањето на секторот се одвива преку следните организациони единици:

1. Одделение за радиациона дозиметрија

2. Одделение за хигиена на води и комунална хигиена

3. Одделение за испитување на здравствена исправност на водите

4. Одделенбие за хигиена на исхрана

5. Одделение за контрола на квалитет на прехрамбени производи

6. Одделение за контаминети и екотоксикологија

7. Одделение за испитување на здравствената исправност на предмените за општа употреба

8. Одделение за радиоекологија

9. Одделение за медицина на трудот

10. Одделение за храна и диететско советувалиште

  • Сектор за социјална медицина чија дејност е остварување на програмски, научно-истражувачки и воспитни активности. Се состои од 5 одделенија:

1. Одделение за организација, планирање и развој на здравствената дејност

2. Oдделение за здравствена статистика и информатика во здравството

3. Oдделение за здравствено воспитание, историја на медицината и публицистика

4. Oдделение за економика во здравствотo

5. Одделение за контрола и превенција на повреди и насилство

  • Сектор за контрола и испитување на лекови кој врши лабораториски испитувања (хемиски, микробиолошки и биолошки) на лекови, помошни лековити средства и медицински помагала. Составен е од 6 одделенија:

1. административен дел

2. одделение за регистрација

3. физико-хемиска лабораторија

4. биолошка лабораторија

5. микробиолошка лабораторија

6. биохемиска лабораторија

  • Сектор за правно и финансиско работење

Види исто така[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2016 година“ (PDF). Народен правобранител на Република Македонија. јуни, 2017. конс. 2018-04-16. 
  2. en.wiki Andrija Štampar

Надворешни врски[уреди | уреди извор]