Пјетро Џакино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пјетро Џакино
Медали
Натпреварувач за  Норвешка
Гимнастика
Норвешко првенство за јуниори
Златен медал - прво место Осло 2012 олраунд
Норвешко првенство за сениори
Бронзен медал – трето место Стор 2014 олраунд

Пјетро Оливер Џакино (ит. Pietro Oliver Giachino, р. 26 февруари 1995) е норвешки гимнастичар од мешано потекло.

Биографија и кариера[уреди | уреди извор]

Роден е во Осло во семејството на мајка Норвежанка и татко Италијанец. Се натпреварува во гимнастиката од 2006 година, и уште следната година станува дел од норвешката репрезентација.[1][2] Пјетро се приклучи кон гимнастичкиот клуб „Нјорд“, кој дава поттик на неговата спортска кариера. Како член на „Нјорд“ освои челни места во разни натпревари, меѓу кои и националното првенство.[3][4] Учи во приватното училиште со интензивна спортска активност „Ванг“. Пјетро заедно со други младинци и девојки наутро одат во спортската сала во ословскиот кварт „Хасле“, каде што сите заедно тренираат пред училиште, за да попладне има повторно тренинг.[5]

Во 2014 година Пјетро зеде учество на Светското првенство во гимнастика, што се одржа во Нанин, Кина.[1] Подоцна му беше дадена можноста да стане првиот Норвежанец, кој се натпреварува за италијански клуб: на младиот гимнастичар италијанскиот „Јувентус“ (да не се меша со фудбалскиот тим) му понудил превоз до земјата, живеалиште и парични награди, за да учествува заедно со претставниците на истиот на три натпревари во февруари и март 2015 година. Во јуни учествуваше на првите Европски игри.[1] Учествуваше на светско првенство исто во 2015 година.

Тренерот на норвешките репрезентативци Габриел Негру смета дека Пјетро „има тело за гимнастика и е многу амбициозен“. Поранешниот гимнастичар и актуелен тренер на Пјетро во „Нјорд“ Еспен Јансен тврди дека тој „има предности, кои би го однеле далеку“. Флеминг Солберг, поранешен олимписки натпреварувач, сега тренер и наставник во „Ванг“, пак вели: „Пјетро е типичен олраундер, еден од најголемите таленти кои сум видел во оваа земја. Неговата моќ е во тоа што има такви витки линии. Тој е гимнастичар со стил...“. Истовремено Солберг како негативна карактеристика на Пјетро наведува дека му недостасува малку физичка сила, но сепак верува дека квалификациите за Олимписките игри не е невозможна задача за него и покрај тешкотиите. Самиот Пјетро е убеден дека ќе учествува на игрите, само прашање на време е кога.[5]

Невообичаени факти[уреди | уреди извор]

Идолот на Пјетро е Оге Сторхауг, норвешки гимнастичар, чија спортска кариера се протега во периодот од подоцнежните шеесетти до раните седумдесетти години на XX век.

Пјетро зборува норвешки, италијански и англиски јазик.[1]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 (англиски) Pietro GIACHINO. Европски игри 2015.
  2. (англиски) GIACHINO Pietro (NOR)[мртва врска]. Database.fig-gymnastics.com. Посетено на 18 август 2015.
  3. (норвешки) Pietro Giachino og Njård vant årets norgesmesterskap for junior. Njard.no. Посетено на 18 август 2015.
  4. (норвешки) Pietro Giachino Norgesmester in svingstang and rings. Njard.no. Посетено на 18 август 2015.
  5. 5,0 5,1 (норвешки) Snart er han stjerne i Juventus. Aftenposten.no. Посетено на 18 август 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]