Пјер Мариво

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пјер Мариво
Pierre de Marivaux.jpeg
Пјер Мариво
Роден/а 4 февруари 1688
Париз, Франција
Починат/а 12 февруари 1763
Париз, Франција
Занимање писател
Државјанство Французин

Пјер Мариво (француски: Pierre Carlet de Chamblain de Marivaux, роден на 4 февруари 1688 во Париз - починал на 12 февруари 1763 во Париз) — француски писател.

Биографија[уреди | уреди извор]

Пјер Мариво е роден е во Париз. Тој се запишал на колеџ во Риом, каде што неговиот татко работел како службеник во ковачница за правење пари. Во 1710 година се запишал на студии по право, но факултетот не го завршил, бидејќи повеќе се интересирал од книжевност.

Тој посетувал неколку библиотеки и книжевни салони во Париз, каде што се запознал со познати писатели, како Бернар ле Бовије де Фонтенел, Ла Моте, Шарл Монтескје. Така, во 1712 година Пјер Мариво ја објавил својата прва комедија „Père prudent et équitable“, по која следувале и неговите први романи и пародии, иако истата комедија била напишана кога имал осумнаесет години. Во периодот од 1713 до 1715 година напишал три романи: „Effets surprenants de la sympathie“, „La Voiture embourbée“ и „Les Folies romanesques“. Овие книги се многу различни од делата кои ги објавил подоцна. Тие биле инспирирани од страна на шпанските романси и херојските дела од минатиот век.

Во 1720 година паднал во голема финансиска криза, па поради тоа целосно се посветил на книжевната и издавачката дејност. Од 1742 година бил избран за член на Француската академија. Покрај пишувањете и членството на академијата, Мариво бил принуден да ја испрати својата ќерка во манастир бидејќи немал доволно средства за нејзиниот мираз.

Староста ја поминал кај еден свој пријател. Починал на 12 февруари 1763 во Париз.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]