Прејди на содржината

Пјер Дорг

Од Википедија — слободната енциклопедија

Пјер Дорг (дански: Pierre Dørge, роден на 28 февруари 1946) е дански џез музичар (гитарист) и диригент.

Дорг за време на настап, 13.11.2015.

Творештво

[уреди | уреди извор]

Пјер Дорг е еден од најпродуктивните дански џез музичари. Во својата музика, тој создава синтеза на голем број музички жанрови и култури традиции, мешајќи ги европската, азиската, африканската и афроамериканската музика.

Музичката кариера ја започнал во 1960-тите. Во текот на својата долга кариера работел во повеќе групи, заедно со Џон Чикаи (John Tchicai), Џони Мбизо (Johnny Mbizo Dyani), Свенд Асмунсен (Svend Assmusen), Јусеф Латиф (Yusef Lateef), Дон Чери (Don Cherry), Били Харт (Billy Hart), Џим Пепер (Jim Pepper), Дејвид Мареј (David Murray), Питер Броцман (Peter Brötzmann), Хари Бекет (Harry Beckett), Мерлин Мазур (Marilyn Mazur), Реј Андерсон (Ray Anderson), Хан Бенинк (Han Bennink), Хју Масакела (High Masakela) итн.[1]

„New Jungle Orchestra“

[уреди | уреди извор]
Дорг за време на концерт, 16.10.2014.

Во 1980 година, Дорг го формирал својот состав "New Jungle Orchestra", a името на групата било инспирирано од легендарниот звук од раното творештво на Оркестарот на Дјук Елингтон (Duke Ellington Orchestra). Во знак на почит на оркестарот на Дјук Елингтон, "New Jungle Orchestra" преработиле неколку негови композиции. Исто така, големо влијание врз нивната музика имаат извршено експериментите на Чарлс Мингус (Charles Mingus) во комбинирањето на импровизацијата и сложените музички форми, наизменичните премини од анархија кон комплексните структури на Гил Еванс (Gill Evans), како и ироничното кабаре на Карла Блеј. Во секој случај, овој оркестар ужива голем углед како една од најоригиналните, најпродуктивните и најзабавните групи на џез сцената.[1]

На 19 октомври 2012 година, "New Jungle Orchestra" свиреле на првата вечер на Скопскиот џез фестивал во следниов состав:[1]

  • Пјер Дорг - диригент и гитара,
  • Гунар Хале (Gunnar Halle) - труба,
  • Мортен Карлсен (Morten Carlsen) - тарагот и саксофон,
  • Јакоб Мигинд (Jakob Mygind) - саксофони,
  • Андерс Банк (Anders Banke) - бас-кларинет и саксофон,
  • Томи Андерсон (Thommy Andersson) - бас,
  • Кенет Агерхолм (Kenneth Agerholm) - тромбон,
  • Ирене Бекер (Irene Becker) - пијано и синтисајзер,
  • Аји Соломон (Ayi Solomon) - конги и ударалки,
  • Мартин Андерсен (Martin Andersen) - тапани, и
  • специјалниот гостин Шашанк Субраманијам (Shashank Subramaniam) - индиски флејти.
П.Дорг, 16.10.2014.
  1. 1,0 1,1 1,2 Skopje Jazz festival 2012. Skopje: Skopje Jazz festival.