Пјер Гримал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пјер Гримал
Роден/а21 ноември 1912
Париз, Франција
Починат/а11 октомври 1996
Париз, Франција
Занимањеисторичар, писател
ДржавјанствоФранцузин

Пјер Гримал (француски: Pierre Grimal, роден на 21 ноември 1912 во Париз - починал на 11 октомври 1996 во Париз) — француски историчар, преведувач и писател на историски романи.

Биографија[уреди | уреди извор]

Пјер Гримал е роден на 21 ноември 1912 во Париз, Франција. Студирал на Високата нормална школа од 1933 година и добил диплома по класици во 1935 година. Член на Француската лицеја во Рим (1935-1937). Гримал редавал латински во лицејот во Рен. Потоа станал професор по латински јазик и римска цивилизација во факултетите на Каен, Бордо, и конечно во Сорбона во Париз во текот на триесет години.

Направил многу преводи на класични латински автори - Цицерон, Плавт, Теренција, и др. Направил многу истражувања врз римската цивилизација и напишал бројни биографии на личности поврзани со Стара Грција и Римското Царство. Автор е на историски романи наменети за широката јавност.

Во целиот свој живот тој водел кампања со својата колешка Жаклин де Ромео, со цел зачувување на наставата на хуманитарните науки во средното образование. Фасциниран од римската цивилизација, тој направил многу за промовирање и заштитата на културното наследство на Стариот Рим, како меѓу професионалците така и кај пошироката јавност. Почесен член е на Здружението за зачувување и проширување на францускиот јазик.

Пјер Гримал починал на 11 октомври 1996 во Париз.

Пјер е татко е на египтологот Никола Гримал и експертот по санскрит Франсоа Гримал, и е дедо на виолинист Давид Гримал, и саксофонистката и композитор Александра Гримал.

Дела[уреди | уреди извор]

Авторски книги[уреди | уреди извор]

  • Dictionnaire de la mythologie grecque et romaine (1951)
  • Romans grecs et latins (1958)
  • Le siècle des Scipions, Rome et l’Hellénisme au temps des guerres puniques
  • La littérature latine (1965)
  • La mythologie grecque
  • L’art des jardins
  • Les villes romaines (1954)
  • Dans les pas des césars (1955)
  • Horace (1955)
  • La civilisation romaine
  • Contes et legendes de Babylone et de Perse (1958)
  • Nous partons pour Rome
  • Mythologies (1964)
  • Le siècle d’Auguste (1965)
  • Histoire mondiale de la femme (1965)
  • Essai sur l’art poétique d’Horace (1968)
  • Le guide de l’étudiant latiniste (1971)
  • La guerre civile de Pétrone, dans ses rapports avec la Pharsale (1977)
  • Etude de chronologie cicéronienne (1977)
  • Le Lyrisme à Rome (1978)
  • Sénèque, ou la conscience de l’Empire (1978)
  • Le théâtre antique (1978)
  • Le Quercy de Pierre Grimal (1978)
  • Italie retrouvée (1979)
  • L’amour à Rome (1979)
  • Sénèque (1981)
  • Jérôme Carcopino, un historien au service de l’humanisme (1981)
  • Rome, les siècles et les jours (1982)
  • Virgile ou la seconde naissance de Rome (1985)
  • Rome, la littérature et l'histoire (1986)
  • Cicéron (1986)
  • Les erreurs de la liberté (1989)
  • Tacite (1990)
  • Marc Aurèle
  • Les mémoires d’Agrippine (1992)
  • Le procès de Néron

Преводи[уреди | уреди извор]

  • Frontinus, De aquae ductu Urbis Romae (1944)
  • Petronius, Satyricon, in Romans grecs et latins (1958)
  • Apuleius, Les Métamorphoses, in Romans grecs et latins (1958)
  • Longus, La pastorale de Daphnis et Chloé, in Romans grecs et latins (1958)
  • Petronius, Satyricon (1960)
  • Seneca, the Younger (1959)
  • Seneca, the Younger (1965)
  • Seneca, the Younger (1969)
  • Apuleius (1963)
  • Plautus and Terence (1971)
  • Tacitus (1990)
  • Cicero, In Pisonem (1967)
  • Cicero, Pro Plancio (1976)
  • The memoirs of Pomponius Atticus (1976)
  • Chariton, Les aventures de Chéréas et de Callirhoé, in Romans grecs et latins (1958)
  • Heliodorus of Emesa, Les Ethiopiques, in Romans grecs et latins (1958)
  • Achilles Tatius, Le roman de Leucippé et Clitophon, in Romans grecs et latins (1958)
  • Philostratos, Vie d'Apollonios de Tyane, in Romans grecs et latins (1958)
  • Lucian, Histoire véritable, in Romans grecs et latins (1958)
  • Lucian, La Confession de Cyprien, in Romans grecs et latins (1958)

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]