Прејди на содржината

Пјер Беноа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пјер Беноа
Беноа во 1932
Роден/а16 јули 1886
Алби, Франција
Починат/а3 март 1962
Сибур, Франција
Занимањероманописец
Националностфранцузин

Пјер Беноа (16 јули 18863 март 1962) — француски романописец и член на француската академија.[1] Беноа е роден во Алби, јужна Франција, и бил дете на француски војник. Беноа служел воен рок во северна Африка, а потоа станал државен службеник. Неговиот прв роман Koenigsmark бил објавен 1918, а вториот роман Атлантида издаден следната година ја освоил „Големата награда за роман“ на француската академија. Беноа станал член на академијата во 1931.[2]

Имал десни политички ставови, а бил поддржувач на францускиот фашист Шарл Морас. За време на нацистичката окупација на Франција, Беноа се приклучил на „групата колаборационисти“, про-нацистичка уметничка група во која членувале Абел Бонар, Жорж Клод, и Пјер Дрие ла Рошељ.[3] Поради тоа бил уапсен во септември 1944, но бил ослободен по шест месеци. Останал на црниот список од француски нацисти уште многу години. Пред крајот на животот дал серија интревјуа на францускиот писател Пол Гимар. Починал во март 1962 во Сибур.

Творештво

[уреди | уреди извор]
  • Koenigsmark (1918)
  • L'Atlantide (1919)
  • La Chaussée des Géants (1922)
  • L'Oublié (1922)
  • La Châtelaine du Liban (1924)
  • Le Puits de Jacob (1925)
  • Le Roi Lépreux (1927)
  • Axelle (1928)
  • Le Soleil de Minuit (1930)
  • L'Homme qui était trop grand (1936)
  • Bethsabée (1938)
  • Lunegarde (1942)
  • L'Oiseau des Ruines (1947)
  • Aïno (1948)
  • Les Agriates (1950)
  • La Sainte Vehme (1954)
  • Villeperdue (1954)
  • Montsalvat (1957)
  1. French Twentieth Bibliography: Critical and Bibliographical William J. Thompson - 2001... - Page 17210 "Maltère, Stéphane: "Le monde littéraire antique dans L'Atlantide de Pierre Benoit, " Cahiers des Amis de Pierre Benoit, no. 10 (1999), 21-30. [BNF] X1361. Monestier, Louis: "Histoire de l'association des 'Amis de Pierre Benoit'. Première partie ..."
  2. Hugo Frey, "Afterword" to The Queen of Atlantis, Bison Books, ISBN 0803269161, (p.289-312)
  3. Karen Fiss, Grand Illusion: The Third Reich, the Paris Exposition, and the Cultural Seduction of France. University of Chicago Press, 2009 ISBN 0226252019, (p.201)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]