Пупин (кратер)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пупин (кратер)
Координати23°48′ СГШ; 11°00′ ЗГД / 23.8° СГШ; 11.0° ЗГД / 23.8; -11.0Координати: 23°48′ СГШ; 11°00′ ЗГД / 23.8° СГШ; 11.0° ЗГД / 23.8; -11.0
Пречник2 km
Длабочина0,4 km
Колонгитуда11° на изгрев
ЕпонимМихајло Пупин

Пупин (Pupin) — мошне мал месечев ударен кратер во источниот дел на пределот Море од Дожд (Mare Imbrium). Сместен е југоисточно од кратерот Тимохарис , и се нарекувал „Тимохарис K“ (Timocharis K) пред Меѓународниот астрономски сојуз да му го даде името „Пупин“. Месечевото море близу Пупин инаку нема други забележителни кратери, и е речиси безличен, освен мошне слабо видлив зраковиден ударен материјал.

И покрај неговите привидно мали димензии, кратерот Пупин е всушност поголем од познатиот Баринџеров кратер во Аризона.

Наводи[уреди | уреди извор]